Македонија

Ќе се удри по џеб секој што ноќе фрла ѓубре – инспекторите постојано на терен

Од сега е веќе во сила забраната за фрлање ѓубре во Скопје во периодот од 22 часот до 6 часот наутро. Инспекторите излегуваат на терен. Физичките лица кои нема да ја почитуваат одлуката ќе се казнат со 50 евра, за правните – глобата и до 1.800 евра.

Да се види колку е часот не еднаш, туку неколку пати пред граѓаните да излезат од своите домови со кесите полни со смет. Оние кои фрлале ѓубре во контејнерите во ноќните часови во главниот град без оглед дали станува збор за физички или правни лица ќе мора да ја променат навиката. Почна да важи одлуката на Град Скопје за временско ограничување на фрлањето ѓубре, за да се стави ред на одлагањето отпад. Па така, физичките лица кои нема да ја почитуваат одлуката ќе бидат казнети со 50 евра, а правните од 1.300 до 1.800 евра.

Советот на Градот Скопје одлучи на овој начин да го спречи хаосот со отпадот во главниот град. Одлуката не се однесува на приватните канти за отпад пред домовите.

  • „Одлуката стапи во сила со потписот на градоначалникот Ѓоргиевски, и предвидува забрана за фрлање било каков отпад во или околу јавните контејнери поставени на јавни површини“.

Градот Скопје располага со 40 инспектори, 11 комунални инспектори и 10 комунални редари. Прекршоците ќе се констатираат на лице место, а ако се забележат поголеми количини отпад или отпад кој не спаѓа во комунално ѓубре, ќе се вршат контроли и врз правните лица.“

Спроведувањето на забраната ќе го контролираат комунални инспектори кои ќе работат во три смени. Мерката е со цел да се спречат угостителските и деловните субјекти да ги полнат контејнерите што се наменети за домаќинствата и да придонесе за поорганизирано и навремено собирање на сметот низ градот.

Од Град Скопје велат дека работат на тоа, сите угостителски објекти ќе добијат посебни контејнери за одлагање на отпадот, како и посебен тарифник и јасно утврдени услови за одлагање на отпадот.

Најнови вести од: Македонија

Филипче лут – ja повлече пратеничката група на СДСМ од Комисијата за финансирање и буџет

Претседателот на СДСМ најави кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието Африм Гаши бидејќи задолжил друг пратеник да ја води Комисијата со која претседателствува Сања Лукаревска

Успех на „Тиквеш“ во Лондон: Златен медал за црвеното вино „Babuna 2023“ и нови меѓународни признанија

„Тиквеш“ продолжува да ја испишува македонската винска приказна на светската сцена. Компанијата освои златен медал за своето врвно вино „Babuna Red 2023“, но и низа други високи признанија, на годинешното издание на International Wine Challenge (IWC) 2026 во Лондон, еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот.

To top