Македонија

23-годишник вршел полови дејствија врз 5-годишно девојче

Од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко

 

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.

Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Најнови вести од: Македонија

Хајредини не гледа причина да му се извини на Костовски

Костовски јавно реагираше на изјавата на Хајредини, кој, коментирајќи ја реченица на Костовски „Ми крадете од животот што не сте ми го дале“, изјави: „Како што ти им крадеше од животот на штедачите на твојата банка“

To top