Македонија

Македонија има повеќе обвинители од ЕУ-земји како Германија, Франција, Италија, Белгија и Финска

Во Извештајот на Советот на Јавни обвинители на Македонија за работата на јавните обвинителства во 2024 година, спред правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во јавното обвинителство, предвидени се 1.126, од кои пополнети биле 371 место. Со ова, во Македонија на 100 илјади жители имало 20,1 јавнообвинителски службеници, додека според извештајот на Европската комисија за ефикасност на правдата за правосудните системи од 2024, во 2022 просекот во ЕУ изнесува 14,7 обвинители.

Македонија по бројот на јавни обвинители на 100 илјади жители влегува во друштво на земји како Германија (7,7), Белгија (7,5), Финска (7,9), Малта (8,8), Словенија и Луксембург (9,8) и Северна Ирска (9,3). Бројот на обвинители на 100 илјади жители е различен од една земја до друга: од минимум 3,2 во Франција и Ирска, 3,8 во Италија до максимум 24 во Бугарија, Латвија и Молдавија.

Од земјите во регионот, според извештајот на ЦЕПЕЈ, Грција има 5,7, а Албанија 7,2 јавни обвинители на 100 илјади жители. По тоа што следува Македонија, па Словенија со 9,8, Србија и Босна и Херцеговина со по 10,4 јавни обвинители. Хрватска и Црна гора имаат по 16,2 и 16,6 јавни обвинители на 100.000 жители, додека Бугарија 23,9.

Разликата во бројот на јавни обвинители на 100 000 жители од земја до земја, ЦЕПЕЈ во извештајот го објаснува со тоа што 15 земји-членки и една држава набљудувач (Израел) имаат друг персонал со должности споредливи со оние на обвинителите, обезбедувајќи им поддршка на вторите.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

(Фото): Европските даночни советници доаѓаат во Скопје

Институтот на сметководители и овластени сметководители го зајакнува меѓународното позиционирање на македонската сметководствена професија, преку активно учество на водечките европски и глобални професионални конференции и форуми. Поедноставувањето на регулаторните барања, намалувањето на административниот товар и создавањето подобри услови за работење на малите и средните претпријатија, беа во фокусот на дискусиите на овие собири.

Јаневска за исхраната на учениците: Утврдивме неправилности, ќе произлезат препораки за училиштата

Министерството за образование и наука (МОН) наскоро до сите училишта во земјата ќе достави препораки за исхраната на учениците, најави денеска од Штип, министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа истакна дека МОН заедно заедно со УНИЦЕФ, Светска банка и неколку невладини организации со коишто соработуваат, направено е истражување за да видат како се […]

Потврдена средбата Муцунски-Петрова, Македонија ќе порача дека може да се најде решение само со дијалог

Сподели
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е добиена официјална потврда за одржување билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова утре во Софија, каде се одржува Меѓународна конференција на министерско ниво, посветена на развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8.

To top