Македонија

Македонски професор објави 7 книги од неговиот татко во една година по неговата смрт

Книгите се пишувани во период од 22 години

Македонски професор Александар Стојков од Правниот Факултет во Скопје за една година објавил 7 книги од неговиот татко по неговата смрт.

Книгите кои се занимаваат со 7 големи светски економисти ги напишал професорот Методија Стојков но никогаш не ги објавил.

,,На денешен ден, пред една година, татко ми си замина од овој свет. Немаше ден да не помислам на него, барем неколку пати. Дали можеше да поживее уште? Не знам. И онака не може да се смени текот на минатото.

 

Симболична утеха најдов во неговите седум завршени, а необјавени книги. Тоа беше начин да “разговарам” со него уште една година. Со сестра ми ги средивме од технички аспект, обезбедивме лектура и замоливме за научни рецензии. И еве денес, токму на тој ден излезе од печат и последната, седма книга.

Книгите се пишувани во период од 22 години, се однесуваат на седум големи економисти, а едната од нив е во коавторство со проф. д-р Горан Петревски. Огромна благодарност до печатницата, техничкиот уредник, лекторката, рецензентите, Економскиот факултет во Скопје и сите оние кои ни дадоа поддршка и добра мисла.

Ars longa, vita brevis!’, пишува Александар Стојков за аманетот кој го остварил кон неговиот татко.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top