Македонија

Етничката припадност не е основ за привилегиран третман

Националната припадност и државјанството не треба да служат како основ за привилегиран третман или за нееднаква примена на законот

 

Министерството за правда издаде соопштение во врска со случајот на Ива Михајлова, изразувајќи загриженост поради нејзиниот прием на високо ниво во Софија, во време кога сè уште е на сила судски наложената забрана за неа.

„Владеењето на правото подразбира еднаквост пред законот, почитување на судските одлуки и строго придржување кон законските процедури.

Националната припадност и државјанството не треба да служат како основ за привилегиран третман или за нееднаква примена на законот.“ соопштија од Министерството за правда.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top