Македонија

Николоски: УМС е гордост и двигател на новите кадри во ВМРО-ДПМНЕ

Ова е најголемиот настан што Унијата на млади сили го има реализирано од своето основање – меѓународен политички собир со огромно значење

Ова е најголемиот настан што Унијата на млади сили го има реализирано од своето основање – меѓународен политички собир со огромно значење, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Тој потсети дека Меѓународната демократска унија е најголемото глобално семејство на центар-десни, конзервативни и центар политички партии, а нејзиниот подмладок е најголемата политичка младинска организација што ги застапува овие идеи.

-Меѓународната демократска унија е најголемото семејство на центар-десни конзервативни и центар политички партии во светот ио со тоа нејзиниот подмладок е најголемиот политички подмладок кој што ги застапува овие идеи и овие политички визии и со самото тоа што Скопје е одбрано на светската мапа и со тоа што Унијата на млади сили е избрана да го организира овој настан, многу говори за посветеноста на Унијата на млади сили, на тимот предводен од Сергеј Попов, рече Николоски.

Тој додаде дека успесите на УМС се „најдобар доказ за нивниот развој“ и дека организацијата отсекогаш била извор на свежи идеи и квалитетни кадри во ВМРО-ДПМНЕ.

-Сакам да честитам за сето она што го прават и мислам дека ова е најдобар доказ дека навистина Унијата на млади сили се развива и нешто што е гордост за сите нас, сакаме да оди напред и секогаш најсвежите, најдобрите идеи и најдобрите кадри во ВМРО-ДПМНЕ излегувале токму од Унијата на млади сили. Јас сум бил таму, многу биле таму. Оваа генерација има светла иднина и дека партијата ќе црпи многу од овие луѓе кои што сега во рамки на Унијата на млади сили, додаде Николоски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од Првата светска војна

По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

Крај на пушењето – се крои досега најстрог закон

Македонија е на чекор до донесување на најригорозниот закон за заштита од пушење досега, кој драстично ќе го промени секојдневието на пушачите, угостителите и трговците. Според нацрт-верзијата на законот до која дојде Телма, се подготвува целосно исфрлање на цигарите од јавниот живот и затворените простори, без исклучоци.

Повторно блокиран граничниот премини „Евзони“, македонските транспортни компании трпат загуби

Грчките земјоделци и вчера попладне во истиот период го блокираа граничниот премин, а во однос на плановите за следните денови, исто како и досега, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено сега кога изразија подготвеност во вторник да се сретнат со грчкиот премиер.

To top