Свет

Трамп именуваше нов специјален пратеник за Украина

Дрискол како дел од американската делегација составена од високи воени претставници беше во посета на Киев

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го именува секретарот на американската армија Даниел П. Дрискол за нов специјален пратеник за промоција на мировниот план за завршување на војната во Украина.

Дрискол како дел од американската делегација составена од високи воени претставници беше во посета на Киев пред два дена, при што се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Планирано е Дрискол кон крајот на идната недела да ја посети Москва, каде со претставници на Кремљ директно ќе разговара за деталите на американскиот мировен план за Украина.

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

To top