Македонија

Бугарски академик: Македонија во ЕУ ќе биде поштетна за нашите интереси отколку Србија во ЕУ!

Иван Илчев, дописен член на Бугарската академија на науките (БАН) и член на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, кој пред три години има нагласено дека „не сме браќа со Македонците“, во интервју за тамошниот весник „24 часа“ со уште една неверојатна теза за југозападниот сосед на Бугарија. „Уште пред 4-5 години кажав дека, […]

Иван Илчев, дописен член на Бугарската академија на науките (БАН) и член на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, кој пред три години има нагласено дека „не сме браќа со Македонците“, во интервју за тамошниот весник „24 часа“ со уште една неверојатна теза за југозападниот сосед на Бугарија.

„Уште пред 4-5 години кажав дека, независно од нашите односи со Србија, врз кои тежат некои историски спомени, една Македонија во Европската унија ќе биде поштетна за нашите интереси отколку една Србија во Европската унија. Затоа што гледам еден параноичен стремеж во Македонија да утврдуваат еден измислен идентитет или попрво нејзиното постоење како такво. За жал, со тоа се судираме во бугарско-македонската комисија. Тоа е плод на еден многу силен комплекс на инфериорност, со кој се воспитувани повеќе од сто години во Македонија. И тие не можат и не сакаат да прифатат и дека млада нација може да се развива добро и да прерасне во почитувана членка на ЕУ“, изјави Илчев.

„Европската унија нема да стане посилна со членството на Македонија, која не ги исполнува дури ни економските критериуми за влез во Унијата, а да не зборуваме за политичките. Попрво ќе биде, за да се ограничат можностите за влијание на Русија во овој дел на континентот, со оглед на тоа дека Москва има силно влијание врз Србија, делум,но и во Унгарија и ќе се работи дефинитивно и во Македонија“, додава ректорот на Софискиот универзитет од 2007 до 2015 година.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top