Македонија

(Видео): Да му се стави црн печат на Саша Мирковиќ – директорот на „Хајп ТВ“, порача Богдан Илиевски

Инцидентот со турбо-фолк пејачот, настана кога тој беше приведен поради настап без дозвола, а во клубот, МВР кажа дека констатирале неиздавање фискални сметки и надминување на дозволениот број гости во локалот. Ова прерасна во регионална медиумска тема. Истовремено, МВР останува на ставот дека интервенцијата била исклучиво по основ на прекршоци и без политички мотив.

По приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци, тензиите меѓу дел од српската естрадна сцена и македонската политичка јавност дополнително се засилија. Најостри реакции дојдоа од Саша Мирковиќ, директор на „Хајп ТВ“, кој упати серија провокативни критики кон премиерот Христијан Мицкоски, алудирајќи дека апсењето било политички мотивирано од Цеца која изминатите недели на еден од настапите подигна бугарско наместо македонско знаме, кое го добила од публиката.

  • „Мислев дека Мицкоски е премиер на Северна Македонија, а не Северна Кореја“, изјави Мирковиќ, додавајќи дека доколку постоеле неправилности, институциите требало да реагираат кон клубот, а не кон изведувачот.

Тој го повика премиерот да се „откачи од црната вдовица“, алудирајќи на претходни контроверзии.

На неговите изјави остро возврати Богдан Илиевски, член на ВМРО-ДПМНЕ и водител на „Вечерното шоу“. Тој оцени дека Мирковиќ шири невистини и го обвини за обиди за манипулација со јавноста.

  • „Да помислиш дека ќе бидеш поголем од Македонија… црн печат и да се не грлимо“, порача Илиевски, обвинувајќи го Мирковиќ дека со години профитирал во земјава, а сега се обидува да ја политизира ситуацијата со приведувањето на Лукас.

Инцидентот со турбо-фолк пејачот, настана кога тој беше приведен поради настап без дозвола, а во клубот, МВР кажа дека констатирале неиздавање фискални сметки и надминување на дозволениот број гости во локалот. Ова прерасна во регионална медиумска тема. Истовремено, МВР останува на ставот дека интервенцијата била исклучиво по основ на прекршоци и без политички мотив.

@sasamirkovicofficial

Severna Makedonija nije Severna Koreja da vlast maltretira građane drugih država zbog privatnih iskušenja na kojima se nalaze čelnici! #sasamirkovic #acalukas #ceca #hristijanmickoski #makedonija

♬ original sound – Saša Mirković

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top