Македонија

„Одговорноста не застарува“, реагира на изјавата на Заев, Јане Ченто – осуден за „27 април“

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април, со остра реакција се осврна на денешната јавна изјава на Зоран Заев, оценувајќи дека таа претставува навреда за интелигенцијата на народот. Според Ченто, човекот кој, како што наведува, ја распарчил државата, денес зборува како да нема никаква одговорност за хаосот што го оставил зад себе.

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април, со остра реакција се осврна на денешната јавна изјава на Зоран Заев, оценувајќи дека таа претставува навреда за интелигенцијата на народот. Според Ченто, човекот кој, како што наведува, ја распарчил државата, денес зборува како да нема никаква одговорност за хаосот што го оставил зад себе.

„Денешната изјава на Зоран Заев е навреда за интелигенцијата на народот.

Човекот кој ја распарчи државата зборува како да нема ништо со хаосот што го остави зад себе.

Под негово водство, Македонија беше понижена, институциите уништени, а судството сведено на алатка за пресметка со неистомисленици.

Зад неговите “реформи“ останаа скршени животи, неправди, прогон, селективна правда и страв. Луѓе беа жртвувани за политички маркетинг, а државните интереси заменети со лични договори и туѓи агенди.

Ова не е политика.

Одговорност мора да има!

Вистината може да се одложува, но не и да се избрише.

И колку и да се крие зад изјави и медиумски настапи, одговорноста не застарува.

За сè што направи, мора да одговара за своите постапки – И ТОА ЧАС ПОСКОРО.

Македонија памети“, напиша Ченто. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top