Македонија

Вчера на српски следниот пат на бугарски јазик – Скандал на Штипскиот Универзитет

Тивкиот бунт на факултетот се претворил во мал инцидент со професор од странство

Студентите на медицина на Штипскиот универзотет вчера одбиле да слушаат предавање на предметот Инфектологија откако предходно два месеци имале само едно предавање.

На вчерашното саботно предавање во големиот амфитеатар на медицинскиот фалултет во Штип се случил мал инцидент кога студенти барале предавачот да предава на македонски или англиски јазик а тој инсистирал да престане на српски јазик.

Професорот од Универзитетот во Ниш кој ги држел предавањата рекол дека не може да предава на англиски или македонски јазик и продолжил на српски иако тоа е спротивно на Законот за високо образование.

 

Со тоа проблемот на Медицинскиот факултет на дел од предметите каде нема македонски професори ескалира.

 

Студентите кои се пожалија на редакцијата на expres.mk велат дека една работа е да слушаат српски песни и серии но сосема друга е да слушаат стручни предавања кои не ги разбираат.

Тие велат дека по овој законски преседан следниот пат управата на УГД може да донесе и бугарски професори кои ќе предаваат на бугарски јазик.

 

Преходно родители и студенти се пожалија дека за речиси два месеци медицинскиот факултет во Штип организирал само едно предавање на еден од клучните предмети инфектологија.

 

Повеќе за скандалот на Медицинскиот фалултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип на следниот ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top