Македонија

Муцунски: Македонскиот јазик и идентитет не можат да бидат предмет на преговори

Ова го изјави министерот за надворешни работи во обраќањето на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Македонија, што започна вчера попладне во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур

Ние како држава остануваме посветени на спроведувањето на своите меѓународни обврски и ќе продолжиме да бидеме конструктивен и предвидлив партнер во регионот, но прашањата за македонскиот јазик и идентитет и достоинството на нашиот народ не се и не можат да бидат предмет на преговори, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во обраќањето на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Македонија, што започна вчер попладне во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур.

„Кога прашањата за јазикот, идентитетот или националните наративи се претвораат во формални услови во рамките на пристапниот процес, штетата оди подалеку од едно билатерално досие. Тоа го поместува процесот подалеку од јасните правни критериуми во област каде што ниту една земја кандидат не може да се чувствува безбедно.

Тоа создава преседан што другите ќе бидат во искушение да го повторат и испраќа порака до нашата јавност дека може да се преговара за тоа „кои сме ние“.

За нас, македонскиот јазик, македонскиот идентитет и достоинството на нашиот народ не се и не можат да бидат точки на преговарачката маса“, рече Муцунски.

Според него, може да се преговара за владеење на правото, за стандарди, политики и за функционирање на институциите и ако ја задржиме оваа јасна динстинкција, ќе го заштитиме и процесот на проширување и почитувањето на нашите општества.

Најнови вести од: Македонија

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “ во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

To top