Македонија

Новото раководство на ССКМ: Казната е од февруари, ние ќе ја почитуваме одлуката

Новиот претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), Горан Ѓорѓиевски, најави дека организацијата ќе ја почитува казната од 18.500 евра што вчера ја изрече Комисијата за заштита на конкуренцијата, но нагласи дека таа е директен резултат на постапките на претходното раководство во февруари 2025 година, кое работело спротивно на статутот и ги вовлекло коморите во картелско здружување.

„Ова се плодовите на работењето на претходното раководство, кое едногласно беше разрешено на вонредното собрание во јули 2025 година. Како нов претседател, ќе ја почитуваме одлуката на КЗК и изречената казна, но сакам јасно да истакнам: единствено слободниот пазар е параметарот по кој се формираат цените“, порача Ѓорѓиевски.

Тој потсети дека ССКМ повеќе од две децении работи во интерес на компаниите и економскиот развој, секогаш почитувајќи транспарентност и независност, и дека улогата на Сојузот е да обезбедува поддршка и размена на добри практики – никогаш да влијае врз ценовните политики на членките.

Комисијата вчера објави казни од по 50.000 евра за четири трговски друштва и дополнителна казна од 18.500 евра за ССКМ како координатор на картелското однесување.

Најнови вести од: Македонија

Психологот Атанасова: Недостигот на емпатија клучен фактор за меѓуврсничкото насилство

Случаите на меѓуврсничко насилство, како неодамнешниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, се сигнал дека кај младите се јавува недостиг на емпатија, а зад насилното однесување најчесто стојат повеќе причини, меѓу кои потребата за докажување моќ, наталожен бес и гнев или уверување дека сторителите ќе избегнат одговорност, оцени Кристина Атанасова, психолог во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“

(Фото): Премиерот го пречека претседателот на Европскиот совет во Владата

Во фокусот на разговорите со лидерите од регионот се можностите и предизвиците поврзани со процесот на проширување на Европската Унија, постепената интеграција, регионалната соработка, како и прашањата за безбедноста и стабилноста.

To top