Македонија

Вкусови од Provence и винската елеганција на Peyrassol во срцето на Дебар Маало

Eксклузивната винска вечер „Peyrassol Wine Tasting and Food Pairing“

Вчеравечер, во ресторанот SushiCo, Дебар Маало, се одржа ексклузивната винска вечер „Peyrassol Wine Tasting and Food Pairing“, организирана од Alchemist, официјалниот увозник на француската винарија Château Peyrassol.

На настанот присуствуваа љубители на премиум вина и пријатели на брендот. Вечерта започна во 19:30 часот со welcome drink, подготвен специјално да ја најави атмосферата на францускиот стил и гастрономија.

Гостите имаа исклучителна можност да дегустираат четири внимателно селектирани вина од Peyrassol портфолиото: Château Peyrassol Rosé, Lou Rosé, Lou White и La Croix White.

Со својата експертиза вечерта ја отвори сомелиерот Јадранка Клариќ Кимовска, која ги воведе присутните во историјата на винаријата Peyrassol, позната по своите органски лозја. Специјални гости на настанот беа претставниците на винаријата, Karim Chauvin и Albin Cacaret, кои лично ги презентираа вината, зборувајќи за регионот Provence и препознатливиот стил на Peyrassol.

Кулинарскиот тим на SushiCo подготви деликатесни комбинации кои им овозможија на гостите вистинско гастрономско доживување во хармонија со вината. Програмата беше збогатена со музички сет на DJ, кој ја одржа атмосферата енергична и опуштена до самиот крај на вечерта. Со оваа винска вечер, Alchemist уште еднаш го потврди својот фокус кон врвни светски брендови, создавајќи уникатни моменти и нови вински искуства за македонската публика.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top