Бизнис

Македонската винарија „Шато Камник“ со пробив на британскиот пазар

Преку „ЕВГА вајнс“, асортиманот на производителот основан во 2004 година првпат ќе го вкусат љубителите на вино од Островот

Семејниот независен снабдувач на вино EWGA wines објави ексклузивно партнерство за увоз во Велика Британија со „Шато Камник“, со што асортиманот на македонската винарија првпат се пласира на британскиот пазар.

Основан во 2004 година во околината на Скопјe, „Шато Камник“ брзо стана еден од водечките производители на вино на Балканот, освојувајќи повеќе меѓународни награди за своите препознатливи вина, кои го носат белегот на уникатниот тероар ​​на долината на реката Вардар.

Винаријата се фокусира на лозја со низок принос, користејќи модерни техники за производство на вино за да ги оживее автохтоните балкански сорти грозје, вклучувајќи го и Вранец (за кој Македонија е најголемиот производител во светот).

Винското наследство на земјата датира од пред повеќе од 2.000 години, со археолошки докази кои датираат од најмалку 13 век п.н.е. и култот на Дионис.

„Шато Камник“ има цел да го комбинира ова античко наследство со модерна иновација, создавајќи „вина со свежина, длабочина и елеганција“.

Коментирајќи го новото партнерство, Адриан Мокел, директор во EWGA Wines, вели: „Воодушевени сме што го носиме ‘Шато Камник’ во Велика Британија, кадешто расте интересот за региони во развој со автентични приказни и силни идентитети за производство на вино. ‘Шато Камник’ совршено се вклопува во тоа, испорачувајќи исклучителен квалитет и карактер, со вина кои се и препознатливи, и комерцијално привлечни“.

Асортиманот што се воведува во Велика Британија ги вклучува Winemaker’s Selection на „Шато Камник“ (и бели, и црвени), Chardonnay Barrel Fermented, Viognier, Monte, Pinot Noir, Ten Barrels Cabernet Sauvignon и Vranec Grand Reserva.

„На сè поконкурентниот пазар, трговијата во Велика Британија бара иновации, автентичност и вредност. ‘Шато Камник’ ги нуди сите три, а ние сме возбудени што ја споделуваме нивната приказна и вина со Велика Британија“, додава Мокел

EWGA wines е основана во 1972 година и има силно присуство низ цела Велика Британија, снабдувајќи регионални трговци на големо, пиварници, угостителски објекти и независни трговци на мало.

Неговата цел е да ги поддржи своите партнери со внимателно одбрани, висококвалитетни вина, кои нудат и вредност, и откритие.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top