Бизнис

Парното поскапува за 5,9% – на крајната цена нема да се чувствува премногу

Од 1 декември, цената за парно за преку 60 илјади потрошувачи се зголемува за 5,9 отсто. Потрошувачите приклучени на Железарското парно ќе плаќаат повисока цена за 7,6 отсто, а на топланата Скопје Север за 7,7 отсто.

Од 1 декември цената на парното во просек ќе се зголеми за околу 130 денари. Граѓаните кои досега плаќале по 2.200 денари, во иднина ќе издвојуваат околу 2.330 денари. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

  • „Во наредниот период мора да се направи долгорочно стратешко планирање и сериозна санација на топловодната мрежа. Овие инвестиции ќе го подобрат квалитетот на снабдување и ќе овозможат ширење на мрежата“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Според него, парното останува најекономично решение. Анализите покажуваат дека доколку сите исклучени од парно, повторно се приклучат на системот сметките ќе се намалат за околу 10 проценти. Вкупно 65.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.

Од 2023 година, топлинската мрежа ја управува државна компанија – ЕСМ Дистрибуција, поради што првиот човек на Регулаторна се надева дека таа ќе работи подомаќински, односно ќе испорача квалитет на топлинска енергија што го бараат граѓаните.

  • Трендот на исклучување на граѓаните од парно греење мора да се спречи, зашто ако се намали бројот на потрошувачи, ќе се зголеми цената. Ги поздравуваме измените во Законот за градба со кои се овозможи новите згради да се приклучат онаму каде што постои систем на топлинска енергија, додаде Бислимоски.

Инаку, 62 илјади потрошувачи се приклучени на системот на ЕСМ Дистрибуција, на железарско парно се 1.900 потрошувачи, а на Скопје – Север 400 домаќинства.

Најнови вести од: Бизнис

Каматите мируваат, новите кредити поскапи – монетарно движење во април

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%, наведува Народна банка. Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во април 2026 година, изнесува 4,70% и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа оствари пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечно и годишно намалување од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., соодветно и изнесува 2,16%.

Ристески на средба со винариите: Упатен повик за аплицирање на достапната институционална поддршка

Владата и Министерството за економија и труд се партнери на домашните винопроизводители, само преку заеднички дијалог и соработка можеме да креираме квалитетни политики кои ќе овозможат долгорочен развој на македонската винска индустрија и лозарство.

To top