Свет

Лидерот на француската десница „нападнат“ со јајце

70-годишен маж фрли јајце врз главата на лидерот на десничарската партија Национално единство, Џордан Бардела.

 

 

Инцидентот се случил во градот Моасак додека Бардела потпишувал примероци од својата нова книга „Што сакаат Французите“, непознат маж му се приближил и му скршил јајце по главата.

Лидерот на партијата Национално единство не бил повреден, а подоцна ја продолжил да дава автограми.

Напаѓачот бил приведен и обвинет за „насилство врз лице кое врши јавна функција без да предизвика телесни повреди“.
Полицијата го утврдува неговиот идентитет и мотиви.

Според „Фигаро“ „Ле Фигаро“, во исто време се одржувале демонстрации против Џордан Бардела но не може да се потврди дали двата настани се поврзани.

Самиот Бардела напиша во „Х“ дека „сè е во ред“ и им се заблагодари на своите поддржувачи, како и на читателите кои дојдоа за нивната поддршка.

Најнови вести од: Свет

Поранешен кинески министер осуден на доживотен затвор поради корупција – „лапнал“ 19,8 милиони долари

Поранешниот кинески министер за правда Танг Јижонг осуден е на доживотен затвор поради корупција, јави Кинеската централна телевизија. Судот во Сјамен, во југоисточната провинција Фуџијан, го прогласи Танг за виновен за нелегално стекнување средства во вредност од повеќе од 137 милиони јуани (19,71 милиони долари) во периодот од 2006 до 2022 година и тргување со […]

Претседателката Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на владите во Дубаи

Сиљановска-Давкова ќе учествува на глобалниот Форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува првпат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики

Трамп: Најновите документи за Епштајн ме ослободуваат од обвинувањата

Американскиот претседател Доналд Трамп, реагираше на објавувањето на повеќе од три милиони страници документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, тврдејќи дека документите го ослободуваат од обвинувањата.

Норвешката принцеза до Епштајн : „Ти ми го грепкаш мозокот“

Според новообјавените документи од Министерството за правда на САД, кои содржат милиони страници од досиејата поврзани со Џефри Епштајн, норвешката кралска принцеза Мете-Марит (сопруга на престолонаследникот Хаакон) е спомената над илјада пати.

To top