Македонија

Ѓорѓиевски: Не ми требаат 25 хигиеничарки и десетина шофери, сам се возам

Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски рече од среда ќе почне инспекција на дивите такси превозници, Угостителите до Нова година ќе треба сами да си обезбедат контејнери за одлагање на отпад и на повик да се одлага нивниот отпад.

Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски во емисијата „Топ Тема“ на Телма рече дека во Град Скопје затекнал превработенст на хигиеничарки и возачи.

  • „Дваесет и пет хигиеничарки не ми требаат мене. Еве не ми требаат 25 хигиеничарки, но има во Град Скопје. Десетина шофери не ми требаат, еве сам се возам уште. Се возев во Кисела Вода сам, се возам и сега. Најбезбедно се чувствувам така. Тоа мое лично право на избор. Нема ниту обезбедување, имам соработник кој што ми помага околу ова“, порача Ѓорѓиевски.

Тој најави дека од среда ќе почне инспекција на дивите такси превозници, Угостителите до Нова година ќе треба сами да си обезбедат контејнери за одлагање на отпад и на повик да се одлага нивниот отпад.

Ќе има ревизија, одредени институции веќе се занимаваат со состојбите во Град Скопје и со одредени постапки од минатото и на крајот на денот, јас имам најмногу доверба на мојот потпис и на мојата рака, рече градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма за одземените надлежности на раководители на сектори во институцијата со која раководи. Таквата одлука со која се опфатени, како што рече, 23 раководители на сектори, ја оцени како добра.

  • „Додека се направи една целосна, компактна, целина од тим кој што вклучува и одредени лица кои што би влегле од надвор, тоа се дел од луѓето кои во минатото беа дел од мојот тим во Кисела Вода, тогаш би можеле да одиме кон тоа да се дадат целосни овластувања на секторите. Дотогаш јас сум тој кој потпишува“, порача Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top