Македонија

Премиерот за буџетот на правосудството: Повеќе од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју за емисијата „360 Степени“ на Македонската телевизија, одговарајќи на прашања за финансирањето на правосудството и извештајот на Советот на Европа, направи споредба меѓу процентот од БДП што се издвојува за правосудството во Македонија и во Словенија, како и споредба на БДП по глава на жител во двете земји, а потоа ги спореди и платите на судиите.

Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју за емисијата „360 Степени“ на Македонската телевизија, одговарајќи на прашања за финансирањето на правосудството и извештајот на Советот на Европа, направи споредба меѓу процентот од БДП што се издвојува за правосудството во Македонија и во Словенија, како и споредба на БДП по глава на жител во двете земји, а потоа ги спореди и платите на судиите.

– Платата којашто ја добива почетник судија во Македонија, бруто некаде е околу 19.134 евра годишно, според извештајот на Советот на Европа. Додека во Словенија таа плата е малку поголема од 34.000 евра бруто. Истиот судија почетник. Притоа, за БДП во Македонија истиот извештај вели дека е некаде над 6.600 евра по глава на жител, додека за словенечкиот вели дека е некаде над 27.000 евра по глава на жител. Со други зборови, платата на судија почетник во Словенија е за отприлика за 85% поголема од платата на судија почетник во Македонија, во услови кога БДП е за 350% поголем од БДП во Македонија – објасни Мицкоски кој споредувајќи го БДП во Словенија и во ЕУ со БДП во Македонија посочи дека разликата со Словенија е три спрема еден, а во услови кога БДП во Македонија по глава на жител е 6.600 евра и во услови кога БДП по глава на жител во ЕУ е над 30.000 евра, тоа е пет спрема еден.

Во врска со прашањето дали е потребно да се доделат повеќе средства за правосудството, со цел судовите и јавните обвинителства да функционираат поефикасно и да обезбедат поквалитетна правда, Мицкоски истакна дека нашата земја издвојува повеќе средства за правосудството од просекот и медијаната на земјите опфатени во извештајот на Советот на Европа, односно членките на таа организација.

– Ние издвојуваме 0,39% од БДП според анализата на Советот. Според нашата е 0,44%. Европскиот просек е 0,30%. По БДП по глава на жител, издвојуваме три пати помалку од европскиот просек, во услови кога нашиот БДП е пет пати помал – потенцираше Мицкоски.

Премиерот се повика и на податоци од Албанија, во контекст на честите споредби, каде што процентот од БДП за правосудството изнесува 0,2%, односно двојно помалку по глава на жител во споредба со Македонија.

На прашањето дали финансирањето на СЈО би можело да послужи како добар модел за финансирање на правосудството, Мицкоски одговори:

– СЈО не може да биде добар модел за финансирање, зашто на крај заврши спакуван во куфер Луј Витон.

Мицкоски нагласи дека проблемите во правосудството не се поврзани исклучиво со финансиските средства, туку со свеста, и истакна дека судиите се соодветно платени за да обезбедат многу повисок квалитет од сегашниот. Тој ја спореди својата премиерска плата со платата на претседател на основен суд, која е за 25% повисока од премиерската.

Премиерот повторно посочи дека во правосудството има многу чесни обвинители и судии, за разлика од малкумината кои влегуваат во јавни полемики со него. Притоа, тој го повтори својот предлог: да се достави список со информации до Владата за неопходните вработувања на асистенти и истражители, којшто ќе го одобри Судскиот совет или Советот на јавни обвинители, а Владата ќе го прифати како зголемување.

– Прифаќам, самите да си сработат список, да им одобри Судски Совет или Совет на Јавни обвинители, како што бараат за тоа што сакаат да го вработат и што им е неопходно, и тоа ќе го прифатиме како зголемување. Нека направат список колку им требаат истражители, колку асистенти, нека направат систематизација, нека унапредат како што мислат, нека им го одобри Судскиот и обвинителскиот совет, и нека нѐ информираат дека во Буџетот за оваа цел ни се потребни толку пари, и ќе ги одобриме. Јас сум одговорен кон парите на граѓаните што се трошат, како се трошат. Јавно порачувам, направете список, кажете колкави се фискалните импликации, со ребалансот ќе бидат дополнети тие пари. И тоа е јавно кажано неколку пати. Бидејќи сега имаат предвидени за цела година средства во Буџетот за плати за вработените во судството, во првите четири-пет месеци ќе се потроши дел од тие пари, и за нововработените ќе биде малку поголем тој дел, а таа разлика со ребалансот ќе им биде вратена за целата година – посочи премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top