Свет

Кулеба: Украина мора да прифати тактички пораз!

Бишиот шеф на украинската дипломатија повика да се потпише договор што никој нема да го сака, за да се избегнат години војна

Киев мора да прифати „договор што никој нема да го сака“, ако сака да избегне уште многу години конфликт со Русија и потенцијален целосен колапс, смета поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитрo Кулеба.

Зборувајќи на конференција во Киев во понеделникот, Кулеба, кој ја извршуваше својата функција помеѓу 2020 и 2024 година, рече дека и Украина, и Русија имаат ресурси за да ја продолжат борбата со години, предвидувајќи дека линијата на фронтот „ќе се поместува секоја година“ без политичка одлука.

„Се наоѓаме во ситуација каде што Русија има способност да нè уништи, а ние не сме доволно силни целосно да се заштитиме“, рече тој, додавајќи дека само договор „што никој нема да го сака“, кој би претставувал „тактички пораз и стратешка победа“, би можел да спречи „уште многу години војна… дури и полошо“.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top