Македонија

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

Турција продолжува да ги зацврстува своите позиции на светската туристичка мапа, бележејќи извонредни резултати од туризмот и оваа година. Според последните објавени податоци, во првите девет месеци од 2026 година, приходите од туризмот во земјата достигнаа 51,3 милијарди американски долари, што е зголемување од 2,4% во споредба со истиот период минатата година и највисоко ниво досега забележано за овој период од годината. Особено успешни резултати се остварени и во третото тримесечје, кога туристичките приходи пораснаа за 5%, достигнувајќи 25,5 милијарди долари.

Овие резултати беа презентирани на прес-конференција во Истанбул, на која министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој ги претстави туристичките показатели. Според него, меѓународните патувања годинава се соочија со исклучителни предизвици. Конфликтите во регионот, ограничувањата во воздушниот простор, како и зголемувањето на цените на енергенсите и авионските билети, влијаеја врз одлуките за патување, капацитетите на авиокомпаниите и програмите на туроператорите. Во услови на вакви случувања, Турција се издвои како остров на стабилност.

  • „Од 2018 година преземаме конкретни и внимателно осмислени чекори за да го направиме нашиот туристички сектор поотпорен на кризи. Со основањето на Турската агенција за промоција и развој на туризмот (TGA), ја направивме промоцијата континуирана и систематска. Ги проширивме пазарите од кои доаѓаат туристите и ја направивме побогата и поразновидна туристичката понуда. Остварувањето на највисоките приходи досега во третото тримесечје и во првите девет месеци од годината, во една ваква година, ја потврдува вредноста на овој пристап“, изјави Ерсој.

Тој додаде дека во претстојниот период, покрај зачувувањето на позициите на главните туристички пазари, ќе се интензивираат активностите за привлекување посетители од пазарите со висок потенцијал, особено од Северна и Јужна Америка, Канада, Источна Азија, Африка и Океанија.

Позитивните движења се забележуваат и во туристичката потрошувачка и должината на престојот. Во првите девет месеци од 2026 година, просечната должина на престој се зголеми за 0,3%, достигнувајќи 10,34 ноќевања, додека просечната потрошувачка по ноќевање пораснала за 4,6% и изнесувала 107,7 американски долари.

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Најнови вести

To top