Македонија

Љубчо Георгиевски за бугарски медиум: Македонскиот јазик не постоел пред 1944 година

Бугарскиот медиум на македонски јазик кој се уредува од Софија продолжува со својата операција

Бугарскиот портал на македонски јазик Вестимак.мк кој се уредува од Софија пренесува изјава на екс премиерот Љубчо Георгиевски кој објаснува дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година.

Одговарајќи на прашање за кој тој вели дека е цинично и заслужува циничен одговор екс премиерот вели дека најверојатно пред 1944 година односно пред да заврши бугарската окупација во Македонија не се користел македонскиот јазик затоа што бил како монилните телефони во тоа време односно не постоел.

Како поет и човек што завршил Филолошки факултет во групата за општа и компаративна книжевност екс премиерот знае дека од првата книга на македонски народен јазик напишана од Јоаким Крчовски издадена во 1818 година во Будимпешта, преку Речникот на три јазика на Ѓорѓија Пулевски издадена во 1875 госина во Белград се до Бели Мугри на Кочо Рацин во 1939 година македонскиот јазик за разлика од мобилните телефони постоел.

Дали Георгиевски заборавил на овие и многу други докази за постоење на македонскиот јазик пред 1944 година под влијание на бугарскиот пасош кој го подесува одамна не е јасно.

Зошто Георгиевски користи цинизам кога зборува за постоење на македонскиот јазик исто така е нејасно.

Циничната изјава на македонскиот и бугарски државјанин за бугарскиот медиум на македонски јазик кој се уредува од Софија

 

Не е прв пат истиот медиум да ги навредува македонската нација, култура и историја 

 

Бугарски сајт на македонски јазик пренесува дека за Љубчо македонската нација излегува од бугарската

Најнови вести од: Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

To top