Македонија

Скопје вчера беше трет најтопол град во Европа

Во само два турски градови беа измерени повисоки температури од 41,7 измерени меѓу 14 и 15 часот во скопски Петровец   Според метеоролошкиот портал „Огимет“, кој собира временски податоци од целиот свет., Скопско вчера се најде на трето место меѓу најжешките градови во Европа, со 41,7 степени Целзиусови измерени во скопското село Петровец помеѓу 14:00 […]

Во само два турски градови беа измерени повисоки температури од 41,7 измерени меѓу 14 и 15 часот во скопски Петровец

 

Според метеоролошкиот портал „Огимет“, кој собира временски податоци од целиот свет., Скопско вчера се најде на трето место меѓу најжешките градови во Европа, со 41,7 степени Целзиусови измерени во скопското село Петровец помеѓу 14:00 и 15:00 часот,.

Најтопло беше во турскиот град Ајдин – 42,6 степени, а потоа следува Фетије, исто така во Турција, со 41,7 степени.

По Скопје, со температура од 41,2°C, се најдоа Мерида (Шпанија) и Серес (Грција).

Во светски рамки, највисоката температура денес е измерена во Кувајт – 47,2°C, додека најстудената беше во руската антарктичка база Восток од -75,5°C.

Најнови вести од: Македонија

ЗНАМ: Пендаровски отвори сериозни прашања за правниот систем

Од партијата посочија дека изјавите на Пендаровски упатуваат на можни политички договори за амнестии и враќање на лица обвинети или осудени за тешки кривични дела, како и за измени на Кривичниот законик кои подоцна имале значително влијание врз системот на кривична одговорност.

Стефан Богоев понудил и гаранција од пари и имот за да остане на слобода,но не била прифатена

Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, ја оцени како неочекувана одлуката на судот да му определи мерка притвор во рамки на истрагата за сомнежи за злоупотреби при јавни набавки и коруптивни дејствија.

АХВ спречила тони небезбедна храна да влезат во Македонија

Повеќе од 367 тони небезбедна храна било спречено да стигнат до трпезите на граѓаните во изминатите две години, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на одбележувањето на 15-годишнината од постоењето на институцијата и Светскиот ден на безбедноста на храната

„Купиле“ бебе за 500 евра и незаконски го посвоиле

Успеале да ја убедат 35 годишната С.Ј., која живеела во вонбрачна заедница со нејзиниот невенчан сопруг И.А., за „финансиска помош“ и бесплатни гинеколошки прегледи да извршат незаконско посвојување на нивното новородено бебе

To top