Свет

Скандалот со тендерот на ЕУ е една од најголемите кризи во Брисел, се тресе и столчето на Урсула фон дер Лајен

Синдикатите на вработените во ЕУ предупредуваат дека евентуалното потврдување на обвинувањата би предизвикало „катастрофална штета“ по репутацијата на Унијата. Четворица високи функционери, цитирани од „Политико“, велат дека скандалот дополнително ќе ги затегнува односите меѓу Фон дер Лајен и сегашната висока претставничка Каја Калас.

Федерика Могерини, ректорка на Колеџот Европа и поранешна висока претставничка на ЕУ за надворешна политика, како и високиот европски дипломат Стефано Санино, се пуштени на слобода по сослушувањето во белгиската федерална полиција. Европското јавно обвинителство (EPPO) соопшти дека „нема ризик од бегство“. Двајцата сега имаат статус на осомничени, но остануваат претпоставено невини сè до правосилна пресуда.

Истрагата на EPPO се фокусира врз наводни неправилности во тендерот за основање на Европската дипломатска академија во периодот 2021–2022 година. Се испитуваат сомнежи за нарушување на фер конкуренција, корупција, судир на интереси и протекување доверливи информации со кои Колеџот Европа наводно бил фаворизиран при доделувањето на проектот вреден околу 3,8 милиони евра. Конкретно, се проверува дали претставници на колеџот имале однапред пристап до критериумите за избор или дури и знаеле дека тендерот ќе им биде доделен. Од програмата за обука на млади дипломати, институцијата добила околу 654.000 евра.

Скандалот предизвика вистински потрес во бриселските дипломатски кругови и добива сè поголема политичка димензија. Според „Политико“, тој би можел да прерасне во најголемата институционална криза во ЕУ по оставката на Комисијата на Жак Сантер во 1999 година. Во текот на вчерашниот ден белгиската полиција изврши претреси во седиштето на Европската служба за надворешни работи (EEAS) во Брисел, во кампусот на Колеџот Европа во Бриж и во приватните домови на осомничените. Трет осомничен е вработен во одделот за извршна едукација на колеџот.

Колеџот Европа изрази подготвеност целосно да соработува со истражните органи и ја истакна својата посветеност на највисоките стандарди на интегритет и транспарентност. EPPO потврди дека постојат „силни индиции“ за прекршување на финансиските правила и протекување информации, поради што претходно побарало и добило укинување на имунитетот на осомничените.

Аферата сериозно го загрозува угледот на Европската комисија и нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен, во чиј кабинет Санино се вработи оваа година по напуштањето на функцијата генерален секретар на EEAS. Дел од европратениците веќе бараат „четврто гласање за недоверба“ на Комисијата.

„Кредибилитетот на нашите институции е во прашање“, изјави Манон Обри, ко-претседателка на групата Левица во Европскиот парламент.

Синдикатите на вработените во ЕУ предупредуваат дека евентуалното потврдување на обвинувањата би предизвикало „катастрофална штета“ по репутацијата на Унијата. Четворица високи функционери, цитирани од „Политико“, велат дека скандалот дополнително ќе ги затегнува односите меѓу Фон дер Лајен и сегашната висока претставничка Каја Калас.

Најнови вести од: Свет

Пекинг бара од САД да прекинат целосна комуникација со Тајван

Кина цврсто се спротивставува на каква било форма на официјална комуникација меѓу САД и кинескиот регион Тајван и го повикува Вашингтон веднаш да ги прекине таквите контакти и да не испраќа погрешни сигнали до силите што се залагаат за независност на Тајван, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан.

Уапсена е Федерика Могерини, осомничена е за корупција и измама

Федерика Могерини, поранешна висока претставничка за надворешна политика и поранешна шефица на Европската служба за надворешна акција (EEAS) е уапсена денеска во Брисел како дел од истрага за измама во која беа вклучени Колеџот на Европа и Европската служба за надворешна акција, објавија белгиските медиуми.

Ограбен домот на поранешниот француски претседател Оланд

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд беше жртва на провала откако крадци на 22 ноември влегле во домот во Париз каде што тој живее со неговата партнерка Жил Гаје, изјави канцеларијата на парискиот обвинител за Фигаро.

To top