Свет

Орбан: Економско самоубиство е нашите луѓе да плаќаат 3,5 пати поскап гас

Унгарскиот премир заедно со словачкиот колега не го прифаќаат барањето на ЕУ Унгарија и Словачка да престанат да купуваат руски гас   Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство. Премиерот Роберт Фицо и јас, јасно ставивме до знаење: нема да ги прифатиме барањата […]

Унгарскиот премир заедно со словачкиот колега не го прифаќаат барањето на ЕУ Унгарија и Словачка да престанат да купуваат руски гас

 

Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство. Премиерот Роберт Фицо и јас, јасно ставивме до знаење: нема да ги прифатиме барањата на Брисел да престанеме да купуваме руска енергија. Унгарија никогаш нема да поддржи одлуки што го казнуваат сопствениот народ, напиша унгарскиот премиер Виктор Орбан на Х.

Во видеото што го постира во рамки на објавата, Орбан истакнува:

„Вчера имав средба со премиерот на Словачка и двајцата се согласивме дека не можеме да ги прифатиме барањата на ЕУ да престанеме да купуваме нафта и гас од Русија. Словаците исто така се во тешка ситуација и ако можам тоа да го објаснам вака: ако ги прифатиме барањата, трошоците на семејствата ќе се зголемат двојно за електрична енергија и три ипол пати за гас.

Секому можам да му порачам само една работа: зошто еден унгарски премиер би се согласил на ова? Зошто би требало да одобрам одлука што ќе резултира со трошоци за унгарските семејства кои ќе треба да плаќаат три ипол пати повеќе за гас? Зошто тие го бараат тоа од мене? И како таква глупост воопшто им падна на памет? Ние сме тука за да го направиме животот подобар за луѓето, а не да го влошиме. И тоа што го барате, ќе ги повреди Унгарците. Разберете една работа: Никогаш нема да ја добиете мојата согласност. МИА

Најнови вести од: Свет

САД забранија влез на пет Европејци обвинети за цензура

Стејт департментот на САД синоќа објави дека воведува забрана за влез во земјата за петмина европски функционери обвинети за организирање напори за притисок врз американските технолошки компании да цензурираат или потиснуваат ставови на американски граѓани.

Експлозија во Москва: Загинаа двајца полицајци и осомничениот(ВИДЕО)

Рускиот државен истражен комитет објави дека кога двајца полицајци му се приближиле на човекот кој се однесувал чудно, биле убиени со експлозивна направа, додавајќи дека е убиено и трето лице. Не е прецизирано кое е третото лице.

Германија воведува задолжителна воена обврска од 2026 година – кој ќе одбие оди во притвор

Во врска со трансродовите лица, се наведува дека законот се базира на податоци од матичната книга на родените и дека секој што е регистриран како маж во матичната книга мора да се регистрира. Планирано е првите прашалници да бидат испратени кон средината на јануари. Министерството за одбрана очекува Бундесверот да контактира со околу 54.000 млади луѓе секој месец.

Трошат милијарди: Што купуваат Европејците најмногу за новогодишни подароци?!

Подароците би можеле да бидат поскапи оваа година, бидејќи годишната инфлација во еврозоната се проценува на 2,2 проценти во ноември 2025 година, во споредба со 2,1 процент еден месец претходно, според податоците на Евростат.

To top