Бизнис

Проблемот решен: Не доцнел повратот на ДДВ поради пари, имало потешкотии во застарените системи на УЈП

Државата се задолжува во рамки на планираното, а за идната година веќе се анализираат пазарите. Предвидено е издавање еврообврзница, а ќе се користат, како што објасни, различни извори на финансирање за да се затворат најпрво претходно направените обврски и за финансирање на буџетскиот дефицит проектиран за 2026.

Доцнење во повратот на ДДВ нема. Најодговорно тврдам дека апсолутно нема никаков проблем со Буџетот, проблемот е од техничка природа во УЈП, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со повратот на ДДВ, таа напомена дека клучен проблем се системите во УЈП кои не биле надградени од 2011 – 2012 година.

Според министерката, државата се задолжува во рамки на планираното, а за идната година веќе се анализираат пазарите. Предвидено е издавање еврообврзница, а ќе се користат, како што објасни, различни извори на финансирање за да се затворат најпрво претходно направените обврски и за финансирање на буџетскиот дефицит проектиран за 2026-та.
  • Во однос на повратот на ДДВ, во континуитет повторувам дека нема задоцнување освен таму каде што има дополнителни проверки во УЈП. Вие велите девет месеци, а јас можам најодговорно да тврдам дека во Министерството за финансии не постојат налози кои стојат девет месеци. Такво нешто е невозможно. Ако сакате повеќе податоци, да се обратите во УЈП. Ние и во текот на вчерашниот ден разговаравме тука, каде е проблемот. Проблем во Министерството за финансии, најодговорно тврдам, нема. Ако некој мисли дека има, го повикувам Државниот завод за ревизија веднаш да влезе по оваа дискусија и да провери дали во системот стојат налози за „Мој ДДВ“.

Технички е проблемот, она што го зборуваме во континуитет – не можете да очекувате седум-осум години да не се надгради ништо во УЈП и наеднаш сега се да биде како што треба. Моите колеги од ИТ постојано ја посетуваат УЈП, таму буквално се е во лоша состојба и сега директорката максимално работи со тие ресурси, со тоа што го има, додека не се направи дигитализација. Но, кога зборуваме за дигитализација, мора да напоменам дека не можеме да дигитализираме, а да немаме поврзувања на основните системи, да сме планирале одредени постапки за набавка што подразбираат некакви набавки кои во моментот значат „кровот ќе го градиме ама темелите ги немаме“. Јас тоа како министер за финансии не можам да го дозволам и на тоа сега работиме, потенцира Димитриеска-Кочоскa.

Најнови вести од: Бизнис

„Тинекс“ преку партнер во Косово ќе ја враќа ликвидноста на компанијата

Компанијата информираше дека менаџментот активно работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на состојбата, при што, како што беше објавено, поддршка има од банките и клучните деловни партнери.

(Фото): Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јули

Акцијата на Аутомакедонија АД Скопје бележи најголем раст во јули, покажува билтенот на Македонската берза за тој период. Акцијата на ТТК Банка АД Скопје пак има најголем пад. Во продолжение целосно и другите акции со најголем раст и пад за јулскиот период.

(Фото): Инфлацијата во Македонија во јули забави на 2,3 проценти

Индексот на трошоците на животот во јули 2026 во однос на јули 2025 , бележи зголемување од 2,3 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Станува збор за благо забавување на инфлацијата ако се земе предвид дека во јуни годишната стапка на инфлација изнесуваше 3,4 проценти.

„Тинекс“ основаше фирма-ќерка и ги префрли маркетите како подружници, дали ќе одат на продажба?!

Како подружници кај „Тинекс Маркет“ се регистрирани 44 дисконти и маркети, меѓу кои и оние под брендот „Деликатес“, „Конто“ и „Супер“, како и магацинот за пакување и погоните за месо.и подготовка на готвени јадења. Префрлен е и центарот за логистика, односно за складирање стока во Петровец.

Македонското рударство продолжува да тоне, иако има на располагање големи инвестиции

Долг период рударството во Македонија нема забележано значителен раст, а четирите металични рудници кои функционираат полека ги исцрпуваат своите капацитети. Од друга страна, повеќе од 40 години се нема реализирано ниту една голема инвестиција во оваа гранка, а во моментов единствена сериозна најава има за проектот за рудник за бакар во Иловица.

To top