Македонија

Мицкоски го „нацрта“ неговиот наследник и иден лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Ќе биде човек што знае да ја носи тежината на Македонија

Во својот говор на конгресот во Кавадарци лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски зборуваше за профилот на политичар кој треба да го наследи.

 

Мицкоски практично го ,,нацрта” неговиот наследник и иден лидер на ВМРО-ДПМНЕ

 

,,Мојот наследник на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде човек што само победува во анкети, или што знае да аплаудира. Тоа ќе биде човек со ’рбет, со интегритет, со дисциплина и фокус. Ќе биде човек што знае да ја носи тежината на државата. Што знае да издржи. Што знае да прости. Што знае да биде чесен и кога боли и кога сите се откажуваат од него затоа што во моментот им е така опортуно да прават”, порача Мицкоски пред конгресот.

 

Според него наследникот мора да биде човек што ќе знае дека партијата е поголема од него, а не човек што мисли дека е поголем од партијата.

,,Мора да биде човек што ќе може да ја води Македонија – не во 2025 година, туку во 2050 година“”, порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски

Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага

За пет месеци регистрирани над 100.000 прекршоци

Сообраќајните експерти велат дека за поголем сообраќаен ред не можеме да се потпреме само на системот „Безбеден град“. Недостасува полициско присуство на патиштата и потребни се повеќе инвестиции во сообраќајната инфраструктура

To top