Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во очај и безидејност врти исти теми колку да кажат нешто

Им порачуваме на СДСМ доколку имаат доказ, нека се обратат кај своите обвинители и судии и нека гонат како што гонеа 7 години додека беа на власт

„Партијата СДСМ, која е синоним за криминал и корупција, луѓето кои ја уништија државата како Заев, Филипче, Ковачевски, Николовски и многу други, преку пресови и соопштенија секојдневно вртат една иста тема, колку да кажат нешто“ – се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Па еве по 100-ти пат да им објасниме: Мигранти од Велика Британија нема да има. Томовски нема приватна фирма, ниту пак удел во таа која ја споменуваат.

Им порачуваме на СДСМ доколку имаат доказ, нека се обратат кај своите обвинители и судии како Кацарска, како Коцевски, како Дамева, и нека гонат како што гонеа 7 години додека беа на власт. Ама бидејќи и тие се свесни дека нема за што да се гони, растураат пердуви во јавноста и после – зошто народот не им верувал? Реформи се потребни во СДСМ на чело со Филипче и оградување од Заев и криминалната багра“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Можно е намалување на даноците за транспорт, но не и за цигари

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со инфлацијата и разгледува таргетирани мерки во интерес на граѓаните, но засега нема да интервенира кај цените на алкохолните пијалоци и тутунските производи.

Сиљановска-Давкова: Нема нерешливи проблеми, а напредок е можен преку градење доверба

Шефицата на македонската држава очекува разговорите да бидат продолжение на нивната претходна средба во Ереван, но и можност да се отворат суштинските прашања во односите меѓу двете земји

To top