Македонија

Иванка Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Василевска истакна дека, како професор по право, искусна пратеничка, но пред сè како мајка, сестра и пријателка, чувствува обврска да укаже на сериозноста на ситуацијата во која претседавачот на комисијата ја доведува јавноста и се обрати директно на претседавачот Апасиев

„Стојам денеска пред вас со длабока тага и искрено сочувство за ненадминливата болка која не верувам дека може да се искаже со зборови. Сакам да нагласам колку длабоко сите не погоди оваа ужасна и незамислива трагедија“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска на денешната седница бр. 5 на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

Василевска истакна дека, како професор по право, искусна пратеничка, но пред сè како мајка, сестра и пријателка, чувствува обврска да укаже на сериозноста на ситуацијата во која претседавачот на комисијата ја доведува јавноста и се обрати директно на претседавачот Апасиев:

„Колега Апасиев, дозволете ми да ви посочам дека денешното постапување на постојаната анкетна комисија за човекови права е регулирано со Законот за постапување по поднесоци и претставки, каде во членот 10 се забранува да се постапува по претставка, каде веќе има судска постапка за истата работа, а колега Апасиев, вие како правник сте должен да го знаете ова, токму затоа вашето однесување изгледа уште посомнително“, истакна Василевска.

Василевска посочи дека според правните принципи, особено во ваков тежок предмет, и самиот сомнеж е доволна причина за изземање. Таа истакна дека болката и борбата на семејствата бараат непристрасност, а не однапред пресудени ставови за тоа кој и како ќе одговара.

„Пратеникот Апасиев со неговите изјави и ставови го изгуби кредибилитетот да ја води денешната комисија. Поради сето наведено, барам изземање на колегата Апасиев од претседавање со анкетната комисија. Правдата не смее да биде водена од оние кои однапред ја негираат“, децидна е Василевска.

Најнови вести од: Македонија

Неофицијално: Ова се млекарите кај кои се откриени големи отстапувања од декларациите

Голем дел од млечните производи кои се продаваат на домашниот пазар покажуваат значителни отстапувања во составот во споредба со она што е декларирано на пакувањата, покажуваат неофицијални резултати од лабораториски анализи.

Нa меѓународниот ден на детото, ученици пред собранието со настап против насилство во училиштата

На Меѓународниот ден на детето, 1 Јуни, пред Собранието на Македонија се одржа изведба на социјален танц театар на тема насилството во училиштата, подготвен и изведен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Програма за мировно образование.

To top