Македонија

Мицкоски: Ако најдете еден мигрант – се повлекувам од политика

Оставам простор до пролет Венко Филипче, заедно со професорот Фрчкоски и со Андреј Жерновски, да бараат низ Македонија и да најдат мигрант кој што е дел од овој договор со Велика Британија, вели премиерот

„Еве ќе му оставам до пролет простор на Филипче, заедно со Фрчкоски и со Жерновски да одат и да бараат мигранти на територијата на цела држава кој што е дел од некаков си договор со Велика Британија, и ако најдат еден, јас трајно ќе ја напуштам политика“ изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на Венко Филипче дека Макеедонија има договор за прием на мигранти.

Филипче претходно најави дека мигранти кои ќе биле сместени во социјални станови, ќе имале право да гласаат на изборите.

Во одговор на лидерот на СДСМ, Мицкоски најави дека очекува тројцата да се извинат.

„Јас сум подготвен и ова да важи за цел мој мандат, но ете тие дадоа некаков рок до пролет, па јас им велам до пролет ако најдат еден мигрант кој што е дел од договорсо Велика Британија, јас нема повеќе да се занимавам со политика. Во спротивно, очекувам да излезат пред македонската јавност и да се извинат. Мислам дека е фер политика“, рече Мицкоски.

„Оставам простор до пролет Венко Филипче, заедно со професорот Фрчкоски и со Андреј Жерновски, да бараат низ Македонија и да најдат мигрант кој што е дел од овој договор со Велика Британија или било каков договор. Ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно, тие да ми се извинат мене и на граѓаните што шират паника без потреба“, рече Мицкоски.

Премиерот ги отфрли обвинувањата на опозициската СДСМ за наводен таен договор со Велика Британија за прифаќање мигранти, нарекувајќи ги обид за дефокус и „лажна тема“, наменета за политичко преживување на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top