Македонија

Тошковски во Брисел: Нема шанси за мигрантски кампови во Македонија

Македонија размислувала, ниту има шанси во иднина да прифати да биде хаб центар за мигранти

 

Министерот Панче Тошковски од Брисел порача дека Македонија никогаш немала, ниту ќе има намера да отвори мигрантски кампови, отфрлајќи ги шпекулациите за „хаб центар“.

 

Македонија ниту размислува, ниту има какви било шанси да прифати да стане центар за мигранти или локација за отворање мигрантски кампови, изјави вчера за МИА министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој  во Брисел учествуваше на Меѓународната конференција на Глобалната алијанса за борба против криумчарењето мигранти.

 

,,Во изминатиот период се крена прашина, особено од страна на опозицијата, иако тоа нема никаква врска со реалноста или логиката, дека Македонија треба да претставува некаков хаб или погодна почва за прифаќање мигранти што не би биле прифатливи за ЕУ или за земји кои се традиционални пријатели на Македонија, како што е Велика Британија”, нагласи Тошковски.

 

Тој истакна дека за такво нешто никогаш не било разговарано во Министерството за внатрешни работи и дека не постои никаква можност државата да прифати вакво барање.

 

,,Овде би го потенцирал она што денеска го кажаа и претседателката и премиерот, а претходно и министерот за надворешни работи, Македонија ниту размислувала, ниту размислува, ниту има шанси во иднина да прифати да биде хаб центар или да отвори кампови за мигранти.за мигранти. Такво нешто ниту имало, ниту ќе има”, додаде тој.

 

Во однос на регулативите на Европската унија поврзани со Пактот за азил и миграција, Тошковски објасни дека земјава, како дел од пристапниот процес, ќе треба да работи на усогласување на домашното законодавство со европските директиви.

 

Глобалната алијанса за борба против криумчарењето мигранти претставува светски форум во кој учествуваат земји што се соочуваат со легална и илегална миграција, држави на потекло, транзитни држави како Македонија и земји кои се крајна дестинација на мигрантите.

Најнови вести од: Македонија

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top