Македонија

Албанците му го свртеа грбот на Ахмети , слаб одзив на протестот за подршка на УЧК

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска организираше протест на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, под слоганот „Јас сум УЧК“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска организираше протест на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, под слоганот „Јас сум УЧК“. Според неговите изјави, протестот имал за цел барање правда и отфрлање на, како што ги нарече, измислените обвинувања на Србија и Русија, при што истиот бил замислен и како израз на почит кон жртвите и одбрана на историската вистина.

Ахмети преку јавни настапи и објави истакна дека „слободата има име, УЧК“ и дека ова име, според него, останува дел од националниот идентитет и достоинство. Со овие пораки тој повика на заедничко и одговорно учество на протестот, очекувајќи масовна поддршка од граѓаните.

Наспроти очекувањата на ДУИ, на протестот во моментот има едвај околу 2.000 луѓе, што е значително помал одѕив од најавуваното. Ваквата бројка се толкува како јасна порака дека политиките на ДУИ повеќе не наидуваат на поддршка ниту кај Албанците, на кои, како што се наведува, им е преку глава од национализам и шовинизам. Со слабото присуство, граѓаните, според оценките, испратија порака дека очекуваат реални проекти и решенија во областа на инфраструктурата, економијата, здравството и образованието, наместо во празни политички приказни.

Најнови вести од: Македонија

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите

Мицкоски: Клиничката болница во Скопје ќе се гради кај „Борис Трајковски“

Владата останува цврсто на ставот дека новата Клиничка болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот кај арената „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

To top