Спорт

Бомба од Полска: Алекс Душебаев пред враќање во Вардар

Според информациите на МАКСПОРТ, постојат сериозни шанси Алекс Душебаев повторно да го облече „црвено-црниот“ дрес и да се врати да биде дел од Вардар.

Според информациите на МАКСПОРТ, постојат сериозни шанси Алекс Душебаев повторно да го облече „црвено-црниот“ дрес и да се врати да биде дел од Вардар. Интерес за соработка постои од двете страни, а преговорите се во напредна фаза.

Како што се наведува, практично договорот е веќе постигнат, при што Алекс Душебаев е задоволен од финансиската понуда на Вардар. Останува да се договорат уште неколку детали, по што трансферот би можел и официјално да биде потврден со потпис за двократниот европски првак.

Алекс Душебаев, роден на 17 декември 1992 година во Сантандер, е професионален шпански ракометар кој во минатото долго време настапуваше за Вардар од Скопје, а во моментов е член на Келце. Тој е и репрезентативец на Шпанија, а воедно е син на ракометната икона и актуелен ракометен стручњак Талант Душебаев.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top