Македонија

Хуманитарна акција на СОС Детско село: 150 желби за 150 деца без родителска грижа

Целта на кампањата е 150 инфлуенсери, јавни личности и поддржувачи да споделат новогодишна порака посветена токму на 150 деца без родители и родителска грижа

Во пресрет на новогодишните празници, како дел од иницијативата #ИнфлуенсериЗаДобро, СОС Детско Село и оваа година ја започнува емотивната хуманитарна инфлуенсерска кампања „150 желби за 150 деца без родителска грижа”.

Целта на кампањата е 150 инфлуенсери, јавни личности и поддржувачи да споделат новогодишна порака посветена токму на 150 деца без родители и родителска грижа, до 14 годишна возраст кои во моментов се поддржани од СОС Детско Село. Со своите пораки, тие ќе придонесат кон ширење на позитивна мисла и ќе донесат чувство на грижа, радост и надеж вопразничните денови.

„Со само еден мал гест – донација, споделување или поддршка, можеме заедно да создадеме празнична магија која ќе трае многу подолго од празниците,” соопштија од СОС Детското село.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top