Македонија

Трезорот работи – простор за паника нема, смирува Димитриеска-Кочоска

Последните денови јавноста е преплавена со најави дека државниот трезор ќе се затвори на 15 декември поради недостиг на приливи, што би значело стопирање на сите исплати, вклучувајќи пензии, социјални трансфери и К-15. Министерството за финансии и Владата категорично ги демантираат овие тврдења, нагласувајќи дека буџетот е ликвиден и дека нема простор за паника.

Трезорот работи, работите се извадени од контекст. Нема простор за паника, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска, по објавите дека се затвора трезорот на 15. месецов поради немање прилив и дека ќе бидат стопирани сите исплати.

  • Не сме го заклучиле трезорот. Ова прашање го следам деновиве и излезе од контрола. Не можам да ги разберам, особено да доаѓа од опозиција, која наместо да се средува во своите сопствени редови, до вчера беше власт и знае како функционира трезорот. Трезорот работи. Друго е рокот што сме им го дале на институциите да ги достават налозите до трезорските канцеларии. Тоа значи секоја институција да ги достави налозите до 15. за да може да се организираме и за да се следи исплатата со 31 декември – истакна Димитриеска-Кочоска.

Таа напомена дека има упатство според кое налозите стојат во трезорот по 15 дена заради дополнителните проверки, а, исто така, има и даночен календар, според кој има одредени денови од месецот кога се собираат даноците и нема логика да се затвори трезорот ако се собираат даноците до 25. во месецот.

  • Напротив, имаме приливи и ги планираме одливите. Не знам зошто се вадат сите работи од контекст. Пред почетокот на овој месец, имаше коментари дека и пензиите нема да се исплатат навреме, па гледате дека пензиите се исплатија навреме. Сето она што стигнува во трезорот како налози, се исплаќа навремено – нагласи Димитриеска-Кочоска.

Појасни дека ќе се примаат налозите до 15. во месецов, што не значи дека ако задоцни некој, дека нема да биде примен налогот.

  • Многу е несериозно да се каже трезорот затвора. Трезорот ги прибира налозите со цел подобро да се организира до крајот на годината. Како ќе затвориме, клуч ќе ставиме на Министерството и ќе одиме на зимување?! Не е така, трезорот ќе си работи до 31., и тоа е вообичаено. Трезорот е единствениот сектор во Министерството што останува до седум-осум часот. Имало години кога работел трезорот до 23:00 часот – рече Димитриеска-Кочоска.

Во однос на информациите дека се доцни со исплатата на социјалните трансфери, министерката за финансии тврди дека во трезорот не стојат налози за исплата.

  • Доколку има задоцнување, тогаш тоа е во ресорните институции при подготовката на налозите. Од она што го имав добиено како податок од Министерството за социјална политика, беше дека имаат нови потпишани решенија што чекаат да се стават во систем и да почне исплатата наеднаш. Тогаш да проверите, во рамките на самите министерства, решенија што не се потпишувале од септември бидејќи сме биле во избори, така што не станува збор за тоа дека не исплатил трезорот. Во петокот имавме исплата на три милијарди, од кои две милијарди и 400 се само блок-дотации за образование, каде што е вклучена и исплатата на К-15 – рече Димитриеска-Кочоска

Прашана за кратењето средства за ретки болести, Димитриеска-Кочоска вели дека сè што побарале институциите од Министерството за финансии, е реализирано.

  • Секоја од институциите си добива лимит, а како ќе го распредели лимитот внатре, одлучува сама. Ние имавме донесено буџет како предлог од Министерството за финансии на Владата. Одделни министри си побараа: не оваа ставка, вратете ми таму, ставете ваму. Кој што побарал во рамките на лимитот, така му е реализирано. Јас не можам да одговарам на прашањата зошто е скратено за ретки болести. Самите министри одлучуваат за приоритетите. Ние, како Министерство за финансии, делиме лимити, а секој сам, во рамките на своите лимити, одлучува што е негов приоритет – рече Димитриеска-Кочоска.

Инаку, во јавноста имаше голем број реакции по најавата дека Финансии ќе го затвори трезорот на 15, односно на 20 декември.

Најнови вести од: Македонија

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Храната глобално поскапува поради конфликтот на Блискиот Исток

Глобалните цени на храната забележаа раст во март, поттикнати главно од поскапувањето на енергенсите, кое е резултат на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Во притвор оди битолчанецот (31), уапсен оти од април 2024 до април 2026 набавувал и поседувал материјали со детска порнографија!

Основниот суд Битола го прифати предлогот за притвор за осомничениот битолчанец вработен во образовна установа осомничен за детска порнографија во случајот кој е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, соопштуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија. Случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.

Повторно во функција обвинителот Цветаноски, суспендиран поради милионските бонуси во СЈО: Новата комисија многу посериозно да ги земе предвид моите наводи!

Јавниот обвинител Јован Цветановски повторно ја извршува својата функција во Вишото јавно обвинителство Скопје, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија поради утврдени пропусти во постапувањето на дисциплинска комисија. Истовремено, Советот одлучи дисциплинскиот предмет против него да се врати на повторно разгледување. Јован Цветановски беше ангажиран на предметот за бонусите исплатени во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Цветановски беше суспендиран и тврдеше дека суспензијата е резултат на притисоци и обид за дискредитација, бидејќи одбил да донесе „незаконска одлука“ за бонусите. Тој изјави дека врз него се вршени притисоци од други обвинители и дека суспензијата е дел од политички мотивирана хајка.

ВМРО-ДПМНЕ: Нека не глуми жртва Ристоска, играчот и пиун на СДС, која беспоговорно реализираше агенди на Заев и други чинители!

„Ѝ порачуваме на Ленче Ристоска десната рака на Катица Јанева за која многумина веројатно оправдано сметаат дека беспоговорно реализираше агенди на Заев и други фактори, да не глуми жртва. Додека со Јанева делеа и множеа, и палеа и гасеа, и додека одеа по облаци, каде едната од нив во раката имаше ташна од Луј Витон, и откако после повеќе од 10 години таа не заврши ниеден од споменатите случаи, кокетирајќи со кого ќе и дојде на ум, праќајќи абери и до ВМРО-ДПМНЕ, сега сфаќа дека правда во оваа држава ќе има, и мора да има, без разлика дали на Заев му се допаѓа тоа или не. И без разлика на нејзината лојалност кон било кого.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон сега веќе поранешната обвинителска Ленче Ристоска, која поднесе оставка на оваа функција.

Нов повик за инвертер-климатски уреди: првпат целосно електронско пријавување со забрзана и поедноставена постапка!

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. Рокот за поднесување на барања изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.

Ново семејно насилство: Скопјанецот Љ.И. (35) ја претепал сопругата (31) и ја избркал од дома, а четирите деца ги затворил во тоалет!

Вчера, на 2 април 2026 година околу 19 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.

Кадриу: Да поднесеше Ристоска оставка при примопредавање на прислушкуваните материјали кога ја уриваа државата, ќе ѝ поверував дека е принципиелна!

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

Најнови вести

To top