Македонија

Се подготвува акција за „преземање“ на СДСМ од поранешни високи функционери

Социјалдемократите добиле иницијатива за враќање на партијата, во која предничат поранешниот потпретседател на партијата Игор Ивановски и екс генералниот секретар, Андреј Петров, дознава „Фокус“

 

Порталот се повикува на свои информации од партијата, според кои, иницијативата е од страна на поранешни високи партиски и јавни функционери кои не се задоволни од начинот на кој моментално се управува со СДСМ, па дури и се противат на многу политики и постапки на матичната партија.

Според изворите на „Фокус“, двигателите на оваа иницијатива, како и оние што ја поддржуваат и се приклучуваат кон неа изразуваат скептицизам дека актуелното лидерство на партијата може да акумулира поголема поддршка од оваа сега, поради што стравуваат дека партијата ќе стагнира, па дури и дополнително ќе назадува.

Сметаат дека ако целта е СДСМ повторно да ја врати старата слава и да дојде во позиција да претендира да ја освои власта, потребно е лидерство и раководство кое без никакви калкулации и компромиси ќе отвори фронт против ВМРО-ДПМНЕ на идеолошка, политичка и други основи.

Иницијативата не е конципирана како иницијатива за промени во СДСМ по пат на внатрешен судир, туку повеќе како иницијатива за создавање на силен и победнички СДСМ, што, според припадниците на иницијативата, може да се оствари само со заеднички сили и низ еден инклузивен процес, пишува Фокус

„Оваа иницијатива не е насочена против никого, но едноставно ферментира ставот дека е доста од ова. СДСМ има 7 отсто рејтинг и ако нешто не се промени ќе го доживее она што му се случува на Џилас во Србија, односно 15 години во опозиција. Но, тоа не значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане толку на власт. Дека просторот нема да остане празен тоа се виде со Левица во Скопје“, изјавил за „Фокус“ поддржувач на иницијативата.

Најнови вести од: Македонија

Лекарите ќе евидентираат насилство и кога пациентите молчат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека лекар ќе може да евидентира во системот „Мој термин“ ако забележи дека некој пациент претрпел насилство. Со години лекарите пријавуваат во полиција доколку кај нив дојде пациент што има знаци на физичко или сексуално насилство, а Алиу вели дека сега ќе го евидентираат тоа и во „Мој термин“.

(Фото): Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата

Според Сиљановска-Давкова, книгата не нѐ учи само да читаме редови, таа нѐ учи да ги читаме и разбираме времињата нагласувајќи ја нејзината тивка, но длабока и трајна моќ да влијае врз човекот и развојот на неговиот карактер.

Скопје во трка за европски град на културата – Дали до 2028. ќе биде година на промени?!

Шанса за културен развој, но и уште многу работа за „Скопје-европска престолнина на културата 2028“- дел од заклучоците на денешната конференција. Дали очекувањата на надлежните и граѓаните ќе се исполнат и дали општеството ќе ја искористи дадената шансата на професионално ниво останува на процесот и дејствувањето во периодот кој следи.

Граѓаните само лани направиле 12,4 милиони трансакции, потрошиле 427,8 милиони евра

Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн трансакции и направиле 12,4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања (авиобилети и резервации на хотели), соопшти Асоцијацијата за е-трговија која ги анализираше објавените податоци од Народната банка за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот (географска […]

Митева: Политички незрел маневар е изјавата на Филипче дека СДСМ ќе се повлече од работната група за изборниот закон, ако се укине техничката влада

Навистина не можам да разберам како од една страна имаме изјави во кои што се вели дека имаат пораст на гласовите, тоа го кажува токму Венко вчера, а Венко денеска вели дека е против укинување на техничката влада, за која што во минатото беа согласни дека истата треба да се укине, рече портпаролката на Владата Марија Митева.

To top