Свет

Кина застана на страната на Украина, европските лидери и САД!

Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека го поддржува предлогот на Киев, Вашингтон и ЕУ за 30-дневно примирје. Во соопштението, Кина не се осврна на барањето на рускиот претседател Владимир Путин, кој отфрла прекин на огнот и бара директни преговори со Зеленски во четврток, 15 мај, во Истанбул. Кина и Русија се долгогодишни сојузници. […]

Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека го поддржува предлогот на Киев, Вашингтон и ЕУ за 30-дневно примирје.

Во соопштението, Кина не се осврна на барањето на рускиот претседател Владимир Путин, кој отфрла прекин на огнот и бара директни преговори со Зеленски во четврток, 15 мај, во Истанбул.

Кина и Русија се долгогодишни сојузници. Си Џинпинг во последните денови беше во Москва, каде што учествуваше на годишнината од крајот на Втората светска војна, која Русија ја одбележува на 9 мај како Ден на победата. Тоа беше негова единаесетта посета на Русија откако ја презеде функцијата во 2013 година.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, наговести дека Украина не гледа смисла во преговорите со никого од Русија освен со Владимир Путин, бидејќи верува дека само рускиот претседател има вистинска моќ да донесува клучни одлуки.

Европската унија планира да претстави нов, 17-ти пакет санкции против Русија поради нејзината агресија врз Украина на 14 мај, потврди официјален претставник на ЕУ за „Киев Индепендент“ под услов да остане анонимен.

Рускиот претседател Владимир Путин побара почнување на преговори на 15 мај.

Путин одби ултиматум од Европа, нуди преговори со Киев на 15 мај

Најнови вести од: Свет

Трамп се закани: Ако Иран ги прифати условите „Епскиот бес“ ќе заврши, во спротивно ќе уследи засилено бомбардирање!

Aмериканскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека ако Иран се согласи да ги исполни договорените услови, конфликтот ќе заврши, а Ормуската Теснинац би била отворена за сите, додека во спротивно ќе следи поинтензивно бомбардирање од претходно.

Итна медицинска евакуација: Бродот „Хондиус“ со хантавирус се приближува кон Канарските Острови

Шпанското Министерство за здравство соопшти дека холандскиот круизер „МВ Хондиус“, на кој е регистрирано ширење на хантавирус, се упатува кон Канарските Острови, каде се подготвува детален план за евакуација и медицинска грижа за патниците и екипажот.

To top