Македонија

Јанкуловски: Пензионерите веќе го почувствуваа зголемувањето на пензиите, кои ќе растат и натаму

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во емисијата Бизнис 21 на ТВ 21 изјави дека пензионерите веќе го почувствувале зголемувањето на пензиите со оваа влада, а најави и дека во наредниот период ќе следуваат дополнителни зголемувања, согласно со законските и фискалните можности.

Николче Јанкуловски смета дека нема ништо спорно во тоа што дел од парите за одредени обврски се обезбедуваат преку прераспределба или ребаланс на буџетот. Тој објасни дека самите фондови во текот на годината вршат внатрешни прераспределби за мерките, што ги презеле како обврска, по што повремено се јавува недостиг на пари, што Владата и Министерството за финансии треба дополнително да ги обезбедат.

„Тука не гледам ништо страшно во тоа што со прераспределба или ребаланс се дообезбедуваат пари, бидејќи однапред е јасно дека тие ќе се користат за исплата на пензиите.“ – посочи Јанкуловски.

Тој укажа дека исплатата на социјалната помош се одвива редовно и навремено за најголемиот дел од корисниците. Јанкуловски појасни дека доцнење има само кај мал број случаи, каде што биле утврдени одредени, како што ги оцени, мали неправилности. „Преку годините никој не им правел проверка, дел од нив и во странство се работно ангажирани, а од тука земаат плата.“ – рече Јанкуловски.

Според него, целта е парите да стигнат до сите, кои ги исполнуваат законските услови, без злоупотреби и со целосна транспарентност.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top