Македонија

Македонските пензии повредни од шест европски земји, меѓу кои и една членка на ЕУ

Со една пензија во Македонија можат да се покријат 64 отсто од животните трошоци, со што таа го дели 32. место во Европа

Пензиите во Македонија вредат повеќе од шест европски земји, вклучувајќи и една членка на Европската унија, покажуваат споредбените податоци на компанијата за плати и човечки ресурси Moorepay.

Со покриеност од 64 проценти на трошоците за живот со една пензија, Македонија го дели 32. место со Турција меѓу 39 европски држави опфатени со истражувањето.

Полошо од македонските пензионери во овој поглед стојат тие од Кипар и од Босна и Херцеговина, кадешто една пензија е доволна за подмирување на 53 отсто од животните трошоци, како и Молдавија (42 отсто), Украина и Албанија (по 29 отсто) и Грузија (22 отсто).

Од земјите во регионот се издвојува Грција со 103 проценти покриеност на трошоците за живот со една пензија, а по неа следуваат Словенија со 95 отсто, Црна Гора со 89 отсто, Хрватска со 82 отсто, Бугарија со 78 отсто и Србија со 68 отсто.

На европскиот врв е Луксембург, кадешто со една пензија се покриваат 225 проценти од трошоците за живот, втора е Италија со 210 отсто, а трета Финска со 208 отсто.

Од 39 земји, само во 19 животните трошоци можат да се покријат со една пензија.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top