Македонија

Септемвриските пензии повисоки за три проценти

Според одлуката на Уставниот суд од март годинава, зголемувањето нема да биде линеарно како во последните две години

Пензиите за септември, кои треба да бидат исплаќани во октомври, ќе бидат повисоки за три проценти, според законското решение, потврдиле од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за телевизијата Телма.

Во Фондот веќе се вршат пресметките за новите износи со цел исплатата да се подготви навреме.

Зголемувањето на пензиите се пресметува по формулата „збир од 50 отсто од растот на трошоците за живот и 50 отсто од растот на исплатената просечна нето-плата во првото полугодие од годината во однос на претходните шест месеци“.

Во последните две години секој пензионер линеарно доби зголемена пензија за вкупно 7.000 денари, но Уставниот суд во март годинава го сопре таквиот начин на исплата.

Следното усогласување на пензиите, според законот, ќе биде во март следната година.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара од Лукаревска итно да ја закаже надзорната расправа за Алта банка, кој тука се колеба?!

Стојаноски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги постави сите прашања коишто ја интересираат јавноста, бидејќи смета дека се создава паника таму каде што нема потребa, а граѓаните заслужуваат одговори.

Директорот на АХВ Оливер Миланов поднесе оставка, на негово место е назначен Јовица Андовски од здравство

АХВ во остро соопштение ги отфрли тврдењата на претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили дека оставката на досегашниот директор Оливер Миланов е резултат на притисокот и незадоволството на сточарите поради доцнењето на вакцините против сипаници кај овците и козите.

Администраторот од НБРМ Илија Андовски ги издал лиценците на менаџметот на Алта банка, се гледа ли позитивен епилог на долг рок?!

Народната банка веќе назначи тројца администратори назначени од Народната банка го преземаат управувањето со Алта банка АД Битола во наредните три месеци, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност.

Двајца вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ осомничени за компјутерска измама тешка 21.000 евра

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Пријавените, во својство на […]

Вајц повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, но и да се промени македонскиот устав!

Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен пакетот за проширување, ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија.

За Кос Македонија е „меѓу најподготвените кандидати за ЕУ“, ама уставните измени остануваат услов за напредок!

Македонија го подобри нивото на подготвеност за членство во Европската Унија и е меѓу земјите кандидати со највисок степен на усогласеност со европското законодавство. Сепак, за деблокирање на пристапните преговори и отворање на првиот кластер „Темели“, земјата треба да ги усвои уставните измени договорени во 2022 година, со кои се предвидува вклучување на малцинствата во […]

Тошковски: Полициските возила ќе снимаат сообраќајни прекршоци и каде што нема камери од „Безбеден град“!

Од 2027 година, возилата на Министерството за внатрешни работи ќе добијат и функција за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци, особено на патиштата и локациите каде што сè уште нема поставено камери од системот „Безбеден град“.

Воената академија се дистанцира од контроверзните лични ставови на Петар Богојески и ќе ги разгледува, можни се мерки против него!

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје официјално одговори на иницијативата поднесена од уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, во врска со јавните настапи и контроверзните ставови на доц. д-р Петар Богојески. Од институцијата потврдуваат дека доставените иницијативи и материјали ќе бидат упатени на разгледување до надлежните тела, кои ќе утврдуваат дали постојат повреди на професионалните и етичките обврски. Ова го објави порталот „Лидер“.

Најнови вести

To top