Македонија

Македонски и романски војници донесоа празнична радост во домовите на загрозени семејства

Со едноставни, но значајни гестови, тие ги посетија домовите на неколку социјално загрозени семејства и им подарија новогодишни подароци на децата

На 18 декември, војници од 22. пешадиски баталјон „Romanați“ заедно со припадници на Македонскиот контингент ја покажаа својата човечност и солидарност преку хуманитарна акција во општината Каракал.

Со едноставни, но значајни гестови, тие ги посетија домовите на неколку социјално загрозени семејства и им подарија новогодишни подароци на децата. Целта на акцијата беше да се донесе радост и да се внесе празничен дух во овие домови, токму во периодот кога топлината и заедништвото се најпотребни.

Армијата на Македонија соопшти дека ваквите активности се дел од пошироката мисија за поддршка на заедницата и зајакнување на врските меѓу војниците и граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top