Македонија

МВР: Со брза соработка со бугарските служби, спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Со брза размена на информации преку SELEC

На 24.12.2025, со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција спречи случај на нелегален транспорт на оружје од Република Турција преку Република Бугарија за Македонија.

Имено, во текот на ноќта 24/25.12.2025, по преземени мерки и активности во координација со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија на Граничниот премин „Капитан Андреево” извршен е претрес на товарно возило „Волво“ со македонски национални ознаки, при што во товарниот простор се пронајдени и одземени три пушки, 20 пиштоли и 5750 куршуми.

По целосно документирање на случајот и утврдување на сите инволвирани лица во случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Најнови вести од: Македонија

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top