Македонија

Темелко од „Преспа“ и Симонофски од „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ ги израдуваа со новогодишни пакетчиња Македончињата во општина Пустец

Македонските активисти Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“, и Елена Симонофски, претседателка на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, продолжуваат со распределба на новогодишни пакетчиња за Македончињата во Албанија, со цел, како што велат „да внесат радост и насмевки кај најмладите Македончиња за време на празниците“. Денеска, на 27 декември 2025 година, тие им донесоа радост и насмевка на дечињата-Македончиња од селата Туминец и Горна Горица, од Општина Пустец.

„Денеска ги посетивме Туминец и Горна Горица, каде што со многу љубов им поделивме пакетчиња на децата и календари со знакот на ВМРО-ДПМНЕ Албанија. Насмеани лица, топли прегратки и извикување ‘Среќна нова Година!’“ – тоа е нашата сила. Преспа заслужува повеќе и токму со љубов, посветеност и конкретни дела, ќе продолжиме да го градиме тоа повеќе.“ – порача Темелко преку фејсбук. 


Македонските активисти вчера престојуваа во областа Голо Брдо, каде што, исто така, и на децата од неколку села им подарија новогодишни пакетчиња. „На радоста на децата ѝ немаше крај. Нивната насмевка за нас беше најголемиот поттик да продолжиме со вакви и слични активности, со кои Македонците во оваа област ќе почувствуваат дека не се заборавени.“ – изјави Едмонд Темелко за Македонската информативна агенција – МИА по посетата на Голо Брдо.

Тој најави дека продолжуваат со ова активност, а вечерва, на 27 декември, во организација на „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“ во Корча за првпат се организира македонска вечер.

Најнови вести од: Македонија

Како е можно во Македонија да опаѓа бројот на Македонци, а да расте бројот на Албанци?!

Според државните податоци на кои се повикува порталот, во Макдонија имало 16.061 родени и 20.201 починати, што означува природен пад на населението. Но, податоците по етничка припадност покажуваат значајни разлики меѓу двете најголеми заедници.

ОМД до градоначалникот на Лерин: Цензурирањето на уметничкото и културното изразување врз основа на јазикот е кршење на основните човекови права

Обединетата македонска дијаспора со остра осуда за прекинот на изведбата на „Софка на татко“ на македонски јазик во Грција

Трет мобилен оператор официјално на почетокот од 2026

Заклучно со вториот квартал годинава, во државата се регистрирани 1.954.643 претплатници во мобилната телефонија, како и 457.763 фиксни линии. Пристап до интернет со широк опсег имаат 549.109 претплатници, а со широк и тесен опсег преку мобилни мрежи (2G/3G/4G) – 1.615.040. Регистрирани се 441.523 претплатници на ТВ услуги.

To top