Македонија

Македонија под „нулата“

Според податоците на УХМР, најстудено е во Берово каде се измерени -9 степени, додека во Битола, Струмица и скопски Петровец се измерени -8 степени.

 

Утинските температури измерени по градови се следни:

  • -9 Берово
  • -8 Битола, Струмица, Скопје-Петровец
  • -7 Тетово, Прилеп, Велес, Штип, Демир Капија
  • -6 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Кавадарци
  • -5 Гевгелија
  • -4 Охрид

Температури над нулата беа измерени на повисоките места како Маврови Анови (1), Попова Шапка и Крушево (2 степени).

Претпладне нè очекува сончево време, но веќе попладне облачноста значително ќе се зголеми. Поради продор на нова, постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за слаб локален снег во северните и западните делови од земјата.

Во Скопје претпладне сончево, попладне облачно со засилен северен ветер и максимална температура до 8 степени. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа засилен северен ветер.

Максималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 11 степени. (Прес24)

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top