Македонија

СДСM за Деспотовски: Квислинг и петоколонаш на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ издаде ново остро соопштение во кое го напаѓа поранешниот истакнат функционер и член Јован Деспотовски, нарекувајќи го „класичен петоколонаш и квислинг“ кој продолжува со напади на партијата во координација со „предавничката коалиција ВМРО-ЗНАМ“.

СДСМ издаде ново остро соопштение во кое го напаѓа поранешниот истакнат функционер и член Јован Деспотовски, нарекувајќи го „класичен петоколонаш и квислинг“ кој продолжува со напади на партијата во координација со „предавничката коалиција ВМРО-ЗНАМ“.

Реакцијата следува по гостувањето на Деспотовски во телевизиската емисија „Тема на денот“ на Сител, каде што тој го критикуваше начинот на комуникација и внатрешните пресметки во раководството на СДСМ.

„Како класичен петоколонаш и квислинг Деспотовски продолжи со нападите на СДСМ. Јавноста и членовите гледаат дека ова е продолжение на планот на предавничката коалиција ВМРО-ЗНАМ за напади и уривање на СДСМ.

И тоа не во било кој момент, туку како петоколона, токму кога партијата се стабилизираше, напредуваше и доби голема поддршка од јавноста за борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ЗНАМ и договорите „мигранти за пари“.

Додека ние ги разоткриваме криминалните шеми на ВМРО-ЗНАМ, тој со нив прави договор против СДСМ. Деспотовски прави дил со оние што сакаат да ја срушат СДСМ, повторно заради личен интерес“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Ова е продолжение на серијата партиски напади врз внатрешни критичари, по поранешните функционери Петре Шилегов и Саша Богдановиќ, кои исто така беа обвинети за предавство и соработка со власта.

Деспотовски претходно најави дека ќе бара одговорност доколку не бидат презентирани докази за наводната соработка со политички противници, оценувајќи дека ваквиот пристап нанесува срам на партијата.
Внатрепартиските тензии во СДСМ ескалираат во пресрет на партискиот конгрес најавен за 24 јануари 2026 година.

Најнови вести од: Македонија

Мисајловски: Професионалноста и трудот на вработените во министерството и припадниците на Армијата претставуваат силен столб на македонската одбрана (ФОТО)

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска, организираше предновогодишен собир со вработените во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

„SPORT LIFE” им подари новогодишни пакетчиња на децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби

Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби

Фотоволтаични централи и за четири куќи од СОС Детско село – до 2027 година ОКТА ќе обезбеди производство и складирање на енергија од обновливи извори за целиот комплекс

И следната година, компанијата планира продолжување и проширување на активностите на овој план

Најнови вести

To top