Хроника

Еден симбол на македонската државност е роден на денешен ден

Први ја слушнале македонските партизани

🇲🇰 Македонската химна за првпат била изведена на денешен ден, токму на пречекот на 1942 година во Струга.

Изведена е од Владо Малевски, кој е како и од музичарот Стефан Опетчески.

 

Песната која подоцна станала официјална химна на државата Македонија била прв пат слушната од повеќемина припадници на македонското народноослободително движење во Втората светска војна.

 

Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година.

По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.

 

Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии — денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред. Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев.

 

Химната на Македонија е напишана од македонскиот автор Владо Малески, во 1941 г. а за првпат се изведува на пречекот на новата 1942 година во Струга во куќата на Сотир Шута. Химната била изведена за првпат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и Струшкиот Регион.

 

За овој настан Малески ќе рече:

 

„Со оглед на приликите, тоа секаде се прави да не падне во очи пречекот на новата година имаше за цел да се собере младината и под оваа форма да се разговара за претстојниот вооружен отпор против фашизмот. Тогаш се информирав и за нападот на полицискиот участок во Прилеп и нападите во Куманово. Што се однесува на програмата за дочек на нова година јас, Боро Путе и Димче Кошарко, ја подготвивме песната “Денес над Македонија” која набрзо потоа ќе стане најпопуларна песна во цела Македонија и која до ден денеска се одржува како еден вид македонска химна.“

 

Меѓу присутните активисти на народноослободителното движење на Македонија бил и блискиот пријател на Малески, Никола Кочоски кој за песната изјавил:

 

„Бев поканет од мојот другар Јосиф Миса да присуствувам на новогодишната игранка во домот на Сотир Шута. Кога влегов во горните одаи на куќата пријатно бев изненаден од амбиентот во кој се пееше песната ,Денес над Македонија’ за чие име дознав во текот на вечерта. На гитара свиреше и пееше Владо Малески. Песната ја пееше со восхит, а присутните со смиреност го следеа и потпевнуваа. За песната беа изречени многу убави зборови потенцирајќи дека во нејзината содржина е сета македонска историја и иднина. Таквата пријатна атмосфера овозможи и сериозен разговор кога за првпат бевме информирани за успесите во војната што се води против фашизмот, како и за првата вооружена акција на македонските борци со нападите во Прилеп и Куманово“

 

Денес сè уште нема официјално објаснение за промените што ги претрпела химната. Имено, првиот текст на химната изведена во Струга во 1941 година имала малку поразличен текст од денешниот особено во имињата на македонските револуционери и еден подолу ред. Така од првичните „… Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“, денес во химната се спомнуваат „… Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“. Нема објаснение ни за заменетиот ред од страна на Кочо Рацин „Од гроб станаа славните ѕидари…“ со „Одново сега знаме се веје…“ до која доаѓа при првото објавување на оваа песна во „Македонските народноослободителни песни“ во јуни 1943 година.

 

Во „Македонските народноослободителни песни“ се спомнуваат имињата на Делчев, Груев, Гули, Сандански и Влахов, односно е избришано името на Никола Карев, а е додадено името на Даме Груев.

 

Нотниот запис е утврден од Тодор Скаловски во 1944 година.

 

Иако „Денес над Македонија се раѓа“ се изведуваше како химна речиси на секоја свеченост низ Македонија, нејзиниот пат до официјализација како химна на СР Македонија беше долг. За првпат химна се споменува во Уставот на СРМ од 25.11.1974 г. Член 10, вели „Социјалистичка Република Македонија има химна“, но не дава други детали која е таа химна. Конечно, со уставните амандмани од 14.4.1989, со амандманот XXIV, се заменува членот 10 од Уставот на СРМ. Текстот: „Химна на Социјалистичка Република Македонија е ‘Денес над Македонија’. Со што таа добива официјална позиција, но не е даден официјален текст.

 

Со уставот од 1991 година, химна на Република Македонија не беше усвоена туку тоа требаше да се стори со закон во рок од 6 месеци. За предлози за химна и за грб и знаме се објави јавен конкурс на кој пристигнаа 36 предлози за химна. Трите најдбори предлози беа „Химна“ од Таки Хрисик, „Денес над Македонија“ верзијата на Тодор Скаловски и „Да ни бидеш вечна“ од Александар Џамбазов. Сепак набргу во процесот за избор на симболи, остана „Денес над Македонија“ како единствен предлог. Химната е изгласана на 11.8.1992 година.

Најнови вести од: Хроника

To top