Македонија

Убиство во Старата чаршија во Скопје за време на новогодишната ноќ

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со убиството.

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во крвав инцидент, што се случи во првите часови од Новата година во Старата скопска чаршија. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 јануари 2026 година во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при што биле употребени остри предмети.

Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде што со повреди од остар предмет биле пронајдени две лица – А.М.Д. (22) и Ч.Е. (23), двајцата државјани на Турција. Кај А.М.Д., во 01:30 часот, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, додека второто повредено лице било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување медицинска помош.


Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top