Свет

Ако не слуша ќе помине полошо Мадуро – Трамп со пораки до Родригез и Гренланд

,,Апсолутно ни е потребен Гренланд“

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Делси Родригез, потпретседателка на Венецуела која сега врши должност претседател, да не се спротивставува на интересите на Соединетите Американски Држави.

 

 

 

 

 

„Ако не постапи како што треба, ќе се соочи со тешки последици – веројатно уште поголеми од оние на Мадуро“, изјави Трамп во телефонско интервју за „Атлантик“ денеска наутро по американско време.

 

 

 

 

 

Трамп нагласи дека Венецуела можеби нема да биде последната земја во која САД ќе интервенираат. „Нам апсолутно ни е потребен Гренланд“, рече тој, истакнувајќи дека островот е „опкружен со руски и кинески бродови“.

 

 

 

 

Во своето прво јавно обраќање како привремена лидерка на Венецуела, Делси Родригез остро ги критикуваше Соединетите Држави и ја потврди лојалноста кон соборениот претседател Николас Мадуро, со што се најде во исклучително осетлива политичка ситуација, според анализата на „Гардијан“.

 

 

Министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино Лопез, објави дека вооружените сили ѝ пружиле поддршка на потпретседателката Делси Родригез да врши должност привремен претседател.

 

 

 

По големата американска воена операција во Венецуела, соборениот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа префрлени во Њујорк.Мадуро моментално е задржан во притворски центар во Бруклин, каде што го очекува судење по обвиненија за трговија со дрога и оружје.

 

 

Во меѓувреме, Врховниот суд на Венецуела ја назначи потпретседателката Делси Родригез за вршител на должноста претседател.

 

 

 

Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес треба да се појават пред федералниот суд во Менхетен утре, според портпарол на судот.

 

Најнови вести од: Свет

Грција чека екстрадиција на двајца членови на озлогласената криминална група „Пинк Пантер“

Двајцата српски државјани, на возраст од 48 и 46 години, беа приведени врз основа на европски потерници во одделни апсења во Бугарија и Хрватска, по месеци истрага од страна на одделот за организиран криминал на грчката полиција, во соработка со Европол.

To top