Свет

Ќе ги научиме како да ги избегнуваат, вели Трамп

Објектот е изолиран и опкружен со опасни диви животни и суров терен.како ефикасен и евтин начин да се спроведе најголемата масовна депортација во американската историја

Американскиот претседател Доналд Трамп присуствуваше на отворањето на нов центар за притвор на мигранти во Флоридаизгреден среде мочуриште во Флорида.

Неформалното име на кампот е „Алигатор Алкатраз“ поради локацијата опкружена со диви животни а ќе може да прими о 5 нелегални имигранти, како дел од напорите на администрацијата на Трамп за депортација.

Објектот,е изграден на напуштената писта на аеродром, на само 80 километри од резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго, и ќе сместува до 5.000 притвореници.

„Центарот е опкружен со диви животни и има само еден пат. Само еден пат води внатре, а единствениот излез е – еднонасочен лет.
Објектот е изолиран и опкружен со опасни диви животни и суров терен. Ова е ефикасен и ефтин начин да се спроведе најголемата масовна депортација во американската историја“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Одлуката за преименување на пистата ја донесе републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, со извршна наредба, а Трамп симболично ја отвори.

Во негов стил, обраќајќи им се на окупаторите, Трамп изјави:

„ Ќе ги научиме како да избегаат од алигаторот избегаат од затворот! Не трчајте право. Трчајте цик-цак. Шанса да ви се случи еден отсто!“.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

To top