Македонија

Почесен круг за Душко Чифлиганец: Бадников мото-собир во Македонија

Бадник кај нас не е само датум, туку жива традиција што ги обединува љубителите на моторите, звукот на машините и духот на заедништвото.

Бадник кај нас не е само датум, туку жива традиција што ги обединува љубителите на моторите, звукот на машините и духот на заедништвото. По деветти пат, на 6 јануари 2026 година, се организира традиционалниот Бадников собир, на кој се поканети сите – млади и стари, рекреативци и натпреварувачи, како и сите што ја делат страста кон моторите.

Собирот ќе се одржи на Зајчев Рид со почеток во 11:00 часот. Присутните ќе имаат можност да учествуваат во традиционалното кршење клубско лепче со паричка, да уживаат во дружењето и во енергијата на настанот, кој симболично го означува стартот на новата мото-сезона.

Како дел од програмата, ќе се вози почесен круг посветен на споменот на другарот Душко Чифлиганец. Овој чин ќе биде израз на почит, заедништво и сеќавање, потсетувајќи дека моторите се не само средство, туку и начин на живот.

Организаторите порачуваат дека сезоната ќе започне во духот на Бадник – заедно, со почит, со адреналин и со искрена љубов кон моторите.

Овој настан веќе станал неизоставен дел од празничната традиција за моторџиите во Македонија, спојувајќи го верскиот празник со страста кон двоточкашите.

Најнови вести од: Македонија

Модернизација на итната помош: Владата набавува 100 нови амбулантни возила

Оваа инвестиција е дел од поширок процес на модернизација и суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку подобрување на итната медицинска помош и зголемување на оперативната способност на целиот здравствен систем.

Милошоски: Во недостиг на идеи, СДС шири шпекулации за државјанствата

За пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, неосновани се обвинувањата дека некои негови сопартијци имаат и бугарско државјанство, бидејќи токму тие се потписници на предлогот пратеник да има само македонско државјанство

To top